Отец Оливер Петровски кој е докажан хуманист сподели пост во групата Хуманитарна организација „Свети Спас“ во која што вели:
-Ние, Македонците, сме фе номен во светот. Македонија е земја во која има многу невработени, а работодавачите молат за работници… Земја во која сите бараат работа, а молат Бога да не најдат…
Во изминатото време, неколку фирми понудија вработување на корисници на помош од нашата програма. Интересно е тоа што најголемиот број од оние што ги контактиравме беа заинтересирани за вработување (барем според нивната изјава), а 90 % не се ни појавија на разговор за вработување во фирмата или пак воопшто не креваат телефон иако ги знаат правилата на нашата хуманитарна организација:
“доколу одбиете вработување, ќе бидете исклучени од програмата за континуирана помош “.
Дефинитивно нешто мораме да смениме… Вечерва одборот на хуманитарната организација ќе одржи состанок за да поразговараме за овој проблем, но секако дека ќе има промени, а и исклучувања од програмата за континуирана помош.
Да се разбереме: Нашата хуманитарна организација е да им помогне на луѓето да “застанат” на свои нозе за тие да станат корисни членови на нашето општество, а не да им помагаме во неработењето и живеењето на туѓ грб!
Затоа на одборот ќе му предложам неколку измени:
1. Работоспособните да не влегуваат во програмата за континуирана помош подолго од 6 (шест) месеци за кое време ќе се обидеме да им најдеме вработување;
2. Работоспособните кои се во нашата програма за континуирана помош подолго од 1 (една) година да се исклучат веднаш;
3. Доколку некој одбие вработување, да биде исклучен од програмата за континуирана помош веднаш;
4. Приоритет за помош имаат многудетните семејства, старите, неработоспособните.
Иако и досега ги имавме овие правила, сепак примеривме дека сеуште има злоупотреба на донациите, па мораме да станеме поригорозни, а сѐ со цел помош да добијат оние кои навистина имаат потреба од помош и вашите донации да завршат кај вистинските луѓе. Бог да ве благослови!