Одложен уште еден меч на Вардар

  • By admin
  • февруари 11, 2021
  • 0
  • 850 Views

Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот во последен момент е ОДЛОЖЕН.

Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во “црвена зона” германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот.

Планирано беше натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија.

За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.