Од први декември две банки во Германија го укинуваат кешот

  • By klaster2
  • октомври 25, 2022
  • 0
  • 339 Views

Уплатата и исплатата во филијалата (шалтер и банкомат) повеќе нема да бидат возможни во иднина“, се вели во писмото што клиентите го добиле во неколку германски бански,

Финансиската институција која припаѓа на Волксбанка во основа целосно ги суспен дира трансакциите и исплатите со готовина за клиентите.

Како што велат пак од Рајфајзенбанк, готовинските плаќања и самиот готовински промет со години постојано се намалуваат, што е видливо и на банкоматите.

„Неодамна имавме само двајца посетители на час“, објаснува Ахим Брунер, извршен директор на Рајфајзенбанк, а пренесува порталот ,,Бонитет”

Бидејќи конкретното однесување на клиентите значително се промени во последниве години, Волксбанка и Рајфајсенбанка сакаат да ги пренасочат плаќањата во дигиталниот сектор.

Брунер исто така смета дека затворените места не треба нужно да доведат до загуби, а овој начин би бил доста поисплатлив за работа.

Од друга страна пак нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс, која и припаѓа на германската Луфтханза, денеска беше принудена да откаже околу 300 летови поради штра јк на пилотите.

Ова е трет и последен ден од овонеделниот штра јк предизвикан од условите за работа на пилотите. По вторпат во последните неколку недели, пилотите изразија незадоволство од условите за работа со прекин на работата.

Штрај кот по годи две третини од планираните 450 летови за Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт, Хамбург и Берлин, изјави портпаролот на компанијата во Келн.

„Очекуваме да можеме да се вратиме на нашите вообичаени летови во четврток“, додаде тој. Портпаролот на синдикатот Верајнигунг Кокпит изјави дека штрајкот завршува денеска на полноќ.

Во неделата тој синдикат повика на штра јк, наведувајќи ја недоволната понуда на работодавачот како дел од преговорите за колективен договор.

Една од клучните точки на расправа е договорот за бројот на слободни денови. Пилотите сакаат да им се гарантираат 14, но авиокомпанијата понуди 10.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.