Од понеделник во Австрија нови мерки и ограничувања

  • By klaster2
  • ноември 19, 2021
  • 0
  • 289 Views

Владата на Австија донесе одлука да од понеделник 22 ноември воведе ,,локдаун” и за вакцинираните, кој ќе трае 20 дена. Строгите мерки за невакцинираните ќе продолжат и после тие 20 дена.

Како што пишуваат повеќето австриски медиуми, училиштата ќе работат делимично, а на училиште ќе одат само оние кои навистина мора да бидат физички присутни.

Маските ќе бидат задолжителни за учениците од сите одделенија, а задолжително ќе се носат и за време на часовите, одмори и слично.

Полицијата строго ќе проверува дали се почитуваат пропишаните мерки, а доколку ги прекршат ќе треба да плати дебела каз на.

Доколку некој одбие контрола ќе плати 1.450 евра, за прекршување полициски час плаќањето е исто, доколку нема ковид сертификат за прележан вирус или вакцинација исто така ќе мора да се плати 1.450 евра.

На работодавците им е наложено и дадено одредено време да ги префрлат сите свои работници доколку е тоа изводливо да работат од дома.

Граѓаните ќе бидат обврзани да ја носат маската FFP2 во затворени простории, дури и на работното место. Најавено е и дека вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 февруари.

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг на прес-конференцијата за медиумите истака дека оваа одлука не била лесна за носење, но сепак морале некако да се справат со лошата епидемиолошка слика.

– Отсекогаш сум велел дека заедничка цел е да се вакцинираат сите невакцинирани, дури и во екот на интензивните кампањи, не можевме да ги убедиме луѓето на тоа.

– Предолго мислевме дека луѓето ќе ги убедиме и увериме на доброволна вакцинација поради своја заштита и заштита на најблиските. Но мора да ја признаеме реалноста, додава тој.

– Се покажа дека има политички сили кои се противат на вакцинацијата, кој се неодговорни и претставува на пад врз здравствениот систем.

– Затоа се одлучивме за тешки мерки. Задолжителна вакцинација од 1 февруари во цела земја. Тоа е единствен начин од излез од овој талас.

– Не сакаме петти, шести талас… Вирусот останува, ќе мора да живееме со него, а единствен начин е вакцинацијата – рече Шаленберг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.