Објавено колку заработува просечен работник во Германија на годишно ниво – но и кои се најплатени професии

  • By admin
  • октомври 7, 2022
  • 0
  • 260 Views

Како што беше објавено увозните цени во Германија во август пораснаа најмногу од март 1974 година, поттикнати од многукратно повисоките цени на гасот и струјата, но и на ѓубривата, покажаа денешните податоци од Заводот за статистика Дестатис.

Во август, увозните цени беа повисоки за 32,7 отсто отколку во истиот месец минатата година, по растот од 28,9 проценти во јули.

Увозот на енергија беше повеќе од двојно поскап во однос на август 2021 година. Дестатис го издвојува поскапувањето на увезениот гас, чии цени беа четирипати повисоки отколку во минатиот август. Во однос на јули, тие пораснаa за речиси 50 отсто.

Но и покрај тоа Германија ги има едни од најголемите плати во Европа, па затоа и бројни Македонци живеат и работат во оваа држава.

Со право се нарекуа ветената држава за многумина, па и не треба да зачудува фактот што многумина имаат желба да се исетал таму, особено кога станува збор за заработка.

Имено просечната годишна бруто-плата во Германија изнесува 51.000 евра, но во некои професии може да се заработи тројно повеќе.

Анализата покажала кои професии се најдобро платени во Германија според податоци од 2021 година. Не изненадува дека најплатени се лекарите. Така, просечната плата на лекарите во Германија изнесувала 78.317 евра минатата година.

На второто место е одговорно лице за продажба со просечна годишна плата од 62.379 евра, а трета најплатена професија била консултант за управување, со годишна плата од 62.119 евра.

Анализата покажала и дека вработените со менаџерска одговорност заработуваат повеќе, односно нивната просечна годишна плата во бруто-износ била 86.300 евра минатата година.

Доколку се погледнат просечните плати на специфичните работни позиции, на врвот се наоѓаат директорите за односи со јавност со годишна плата од 145.600 евра. Следуваат главниот финансиски директор со 143.500 евра и директор на продажба со 125.300 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.