Новина која ќе израдува многу Македонци во Австралија – амбасадорката ги соопшти деталите и упати моќна порака

  • By klaster3
  • јуни 16, 2022
  • 0
  • 529 Views

На социјалните мрежи често може да прочитаме дека долго време се чека за издавање пасоши во Австралија и не е секогаш лесно да се стапи во контакт со амбасадата.

Пред неколку месеци генералниот конзул во Мелбурн, г-ѓа Сања Зографска рече дека ќе се применува нова методологија и издавањето пасоши за македонските државјани ќе биде полесно и побрзо.

Деталите околу новината ги соопшти амбасадорката на Македонија во Австралија, Билјана Стефановска Сековска, која минатата година со преземањето на функцијата стана прва жена амбасадор во Австралија.

– Амбасадата особено внимание посветува на на конзуларните услуги. Најголемата новина од почетокот на оваа година, тоа што израдува многумина од македонската заедница, е новата методоологија на издавање пасоши.

За амбасадата во Канбера можам да кажам дека во текот на април, поточно од 6 до 14 април, сликавме 155 лица кои претходно имаа поднесено барања за нови пасоши и чекаа од почетокот на пандемиј ата, но сега се отвори оваа можност кога се отвори и државата.

Тоа беа главно лица од Канбера, Нов Јужен Велс и од Квинсленд. Пасошите ги добија на нивно големо изненадување и радост пред крајот на мај што значи за помалку од месец и половина.

Сето ова е резултат на променетиот и осовремен начин на собирње и обработка на податоците и практично значи дека во генералниот конзулат во Мелбурн постои постојано поврзан систем со МВР кој овозможува забрзано процесуирање на барањата.

Таму во договор со нашите колеги од конзулатот и во зависност од итноста на потребата може да се поднесе барање за пасош, да се отиде за сликање и после околу еден до два месеци да се подигне пасошот.

Инаку во амбасадата во Канбера сликањето за пасоши ќе биде организирано неколкупати годишно во зависност од бројот на поднесени барања и од искажаниот интерес.

Во тие термини колегите од Мелбурн ќе доаѓаат во Канбера и ќе го вршат сликањето. Сега засега наредниот термин за сликање во Канбера го планираме за месец октомври, но ќе видиме колкав ќе биде интересот со оглед на тоа што голем број наши иселеници патуваат во претстојните месеци.

Друга новина што сакам да ја споменам е можноста што се дава на оние што живеат на поголема оддалеченост од местото на сликање изработениот пасош да им биде испратен по брза пошта во постапка што однапред ќе ја договорат со амбасадата наместо уште еднаш да патуваат до канбера за подигање на пасошот како што беше досега.

Голем број од тие што се сликаа во април во Канбера веќе ја искористија ова можност. Моја главна порака до заедницата е одржувајте го и зачувајте го македонскиот јазик, вели амбасадорката за радио СБС на македонски.

Амбасадорката нагласува дека ќе продолжат и понатаму со конзуларните денови, но благовремено ќе ги известуваат граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.