Нина Ангеловска: Ќе биде тешко ама јако

  • By admin
  • ноември 1, 2022
  • 0
  • 273 Views

Нина Ангеловска беше поранешна политичарка и министерка за финансии. Покрај тоа, таа работела како консултант за развој на бизнис, дигитална економија и е-трговија.

Таа го иницирала формирањето на Првата македонска асоцијација за е-трговија каде што служела како претседател до влегувањето во Владата.

Ангеловска се школувала во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала и магистрирала на насоката Е-бизнис на Економскиот факултет, а докторирала во 2016 година во областа на менаџмент.

Дипломирала како студент на генерацијата и била наградена со Френк Менинг за најдобар студент во генерацијата економски науки во 2010 година.

Во 2016 година Ангеловска била признаена како една од 100 жени основачи во Европа, листа составена од германскиот стартап магазин Хундерт.

Неодамна, Нина која изминатиот период се посвети и на спортот и истрча доста маратони како кај нас така и преку границите, реши да сподели новост за себе:

2023 ќе биде возбудлива година за регионалната е-трговија

После долгогодишно искуство, предизвици и менување на македонската е-трговија, прво со Grouper, а потоа и со Македонската асоцијација за е-трговија, со истата пасија како и до сега, се впуштам во нов предизвик наречен Ананас

Ако некој го има тоа што е потребно за да ја промениме е-трговијата на Балканот и да го донесеме онлјан купувањето кое е присутно на развиените пазари тоа е Ananas e-commerce!

Ресурси, знаење, професионалци со кои ќе ми биде задоволство да работам, јасна визија и пасија која е клучна за успех.

Патот нема да биде лесен, ќе има многу пречки и предизвици ама верувам дека имаме се што е потребно за брзо да ги совладуваме.

Ќе биде Тешко а(ма) јако!Задоволство ми е што од денес официјално Групер.мк стана дел од Ананас – одличен фит и многу синергетски можности за раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.