Никола Груевски се огласи пред неколку моменти – испрати јасна порака до Заев и СДСМ

  • By admin
  • април 27, 2021
  • 0
  • 11878 Views

Вистинскиот осмислувач работи друг да се осу ди за осмислувач на настаните од 27. Април

Како и во минатите неколку години на овој ден, забележав дека челниците на власта на СДСМ предводено од Заев, Шеќеринска, Спасовски и останатите објавија свои ФБ статуси во кои главната поента е дека инци дентите на 27 Април 2017 година се анти демократски чин и дека виновни ги прогласуваат тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прв ред мене лично но и другите кои се во судска постапка, како организатори и учесниците, односно граѓаните кои протестираа и особено оние кои влегоа во парламентот. И дека требало сите да одговараме.

Не пишуваат и не говорат дека анти демократски чин е против уставно, против законски и спротивно на деловникот, и без мнозинство, надвор од работното време и без присуство на претседавачот, по завршување на седницата, надвор од сите правила да назначат претседател на парламентот.

Не е ни анти демократски да не ти успее референдумот а да прифатиш меѓународен договор и смена на уставот со цел смена на името на државата и смена на идентитетот и историјата на македонската нација, како да успеал референдумот и како да гласале 51% а не 36% од граѓаните кои имале право на глас на тој референдум каде минимум предвидено за успешност е да излезе и гласа еден гласач повеќе од 50% од гласачите.

Не е ни анти демократски чин ако ти недостасуваат пратеници за смена на уставот, да уап сиш една група пратеници од опозицијата, да ги уц ениш со 20 годишни зат ворски каз ни и да ги ослободиш на денот на гласање само ако прифатат да гласаат во твоја корист.

Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инци денти на 27 Април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш сеуште опозиција, или власт во доаѓање.

Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него.

Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен а којзнае уште колку не јавен прити сок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт?

– За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо. Сега во време кога судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта.

Зошто спротивно на законите, противуставно и со не деловничко гласање одлучија да бираат претседател на парламентот токму во време кога народот кој 60 дена по ред мирно и достоинствено протестираше беше пред вратите на парламентот?

Можеа да го направат тоа два часа или повеќе порано, или два часа или повеќе подоцна. Но, не им беше доволно тоа, бидејќи така главниот фокус ќе беше на нивниот криминален избор а не нешто друго.

Да, темпирале токму кога народот е надвор пред парламентот и преку ФБ будно следи што се случува внатре во салата а за таквиот директен пренос преку интернет се погрижија неколку пратеници на СДСМ.

Зошто после таквото гласање, одкако се заврши, знаејќи дека луѓето кои протестираа дојдоа до пред самите врати на собранието веднаш не заминаа од парламентот за што имаа доволно време пред да се отворат вратите на парламентот?

Зошто останаа заради држење прес конференција која можеше да се одржи и на друго место и/или во друго време и во многу помирна атмосфера(на пример еден час подоцна во некој хотел или во клубот на пратениците).

Тие поигрувајќи си со чуствата на народот, кој протестираше во одбрана на уставот и законите и против тиранската платформа, веројатно поучени од некои стратези за управување со ваков вид кри зи, посакуваа и про воцираа инц идент, за да со фрлање ви на врз нас како партија и поединци од нејзиното тогашно водство, не прикажат како наси лници и недемократска власт која не сака да се одкаже од власта на мирен начин, и со тоа да добијат силна подршка и надвор и внатре во земјата.

За жал во тоа успееја. Засега. Додека еден ден не се разобличи и разоткрие се.

Ја следам и упорноста да ме прикажат мене како главен организатор, па Заев посочувајќи на тоа заборава дека тоа го прави без да посочи барем еден елементарен доказ, како што беше и кога во судот го тврдеше истото.

Спомнуваат телефонски повик а немаат ништо од тоа, освен л уди претпоставки, фантазии и лажни конструкции, ниту пак може да имаат бидејќи се е измислено во нечии болни умови.

Јас сум уверен дека сите овие од власта кои денес се распишуваа статуси и ги повторуваат истите досега сто пати кажани лаги -знаат се, но свесно лажат, бидејќи таквите лажни тврдења им личат политички погодни и корисни, ја тргаат вината од нив и уште посочуваат со прст фрлајќи ја вината на нас. Но, тоа е подмолно и нечовечки.

Исто како што додека секојдневно ре кетираат, кра дат и ја злоуп отребуваат функцијата, прстот го покажуваат во други.Спомнуваат дека јас потоа сум ги прогласил за виновни граѓаните.

Одкако вечерта претходно прв од политичарите медиумски преку телефон јавно апелирав да запре хао сот во парламентот, во мојот говор рано изутрината на 28 Април 2017 година јас имав две поенти.

Втората поента од тој говор на таа прес конференција се трудат да се заборави а првата ја искривуваат. Дури гледам на интернет како направиле скратена верзија од тој мој говор, каде само оди половина од говорот, односно првата поента.

Првата половина сумирано кажано беше дека народот погреши што подпаѓајки под очигледна провокација влезе во парламентот и со физичките прес метки да остави простор да е обвинет за на силство.

Втората, која се трудат да се заборави беше токму ова што погоре го кажав, сумирано кажано дека власта намерно и свесно го направи кр шењето на уставот и законите во време кога знае дека пред парламентот има неколку илјади граѓани кои протестираат, и со тоа свесно и намерно испровоцира нивна реакција.

Потоа следуваше нешто што ќе влезе во историјата на политичките судења а тоа е обв иненија со лажна квалификација на сите обвинети-теро ристичко заг розување на уставниот поредок.

Тоа е лажна квалификација, бидејќи таму немаше никаков тер оризам. Но, ако судењата подоцна беа со квалификација “на силство”, исходот можеше да биде и условни ос уди, што и беше случај со повеќемина од првите осу дени лица, кои судења подоцна во најголем дел новата власт одкако го стави судството под контрола, ги поништи и ги судеа за тер оризам за да им одредат суро ви неправедни каз ни од 10-15 или повеќе години ефективен за твор.

Пишуваат и дека сум организирал и сум ги навлекол луѓето на те рористичко делување па сум избегал. Прво, непостои човек од кого сум побарал да влезе или да организира влез во парламентот ниту пак физички да се пресметува со пратеници.

Напротив, во претходните недели јавно предупредував дека се чуствува дека состојбата е тензична и дека може да ескалира, барајки од СДСМ да се повлечат од намерите за кои претходно во изборната кампања негираа дека го планираат а кои создадоа огромен револт во јавноста.
Веќе две години се говори за моја изјава на телевизија Сител во која сум рекол луѓето да не седат дома во папучи.

Целото обраќање на Никола Груевски може да го проследите на неговиот фејсбук профил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.