Никола Груевски се огласи на овој голем ден и се наврати на 2007 година и неговата одлука

  • By admin
  • август 28, 2022
  • 0
  • 352 Views

Денес е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица или познат и како Голема Богородица, кој е еден од 12-те најважни датуми во црковниот календар. Овој празник е поврзан со крајот на земниот живот на Дева Марија и нејзиното повторно обединување со Исус Христос на небото.

Според Светото Писмо, по Воскресението Господово, Богородица останала под грижата на апостол Јован Богослов, на кого Исус му оставил аманет да се грижи за неа. Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството.

Еден ден, на ист начин како што била информирана дека ќе зачне и ќе го роди синот Божји, архангелот Гаврил ѝ се јавил на Марија со небесна гранка од урма во рацете и рекол дека за три дена нејзиниот земен живот ќе заврши.

Таа била воодушевена од оваа вест, бидејќи сфатила дека може да се сретне со својот син. Христијаните почнале да доаѓаат во Ерусалим, апостолите се вратиле од различни делови на светот.

Тоа се случило во 30. година од првиот век. Преданието вели дека Богородица живеела 60 години, според некои извори 72, го надживеала својот син и таа е сведок на многу познати настани и ја продолжила неговата мисија.

По см ртта на Дева Марија, учениците Христови го ставиле нејзиното тело во ковчег, кој го по гребале во Гетсиманија, сместен во пештера, блокирајќи го влезот со камен. На настанот биле присутни сите, освен апостол Тома.

На третиот ден, кога Тома пристигнал на Елеонската Гора, посакал да го види ковчегот за да се прости од Богородица. Меѓутоа, кога влегле во пештерата, апостолите нашле празен гр об. Истата вечер, Богородица им се јавила на апостолите опкружена со ангели и им рекла дека секогаш ќе биде со нив.

Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

На првиот Велигден Христос воскресна. И денес е втор Велигден, Велигден на Пресвета Богородица, која со своето тело се вознесе на небото“. Тоа е едно од големите чуда од тој период, кое е и историски факт.

По распнувањето, воскресението и вознесението на Исус Христос, неговата мајка Дева Марија остатокот од својот земен живот го поминала во Ерусалим проповедајќи го христијанството.

Но, на 28 август, дојде денот кога таа премина во Царството Небесно. Како што погоре стои, според библиските преданија, еден ден за време на молитвата, Богородица го видела архангелот Гаврил, кој еднаш ја известил за веста дека ќе стане мајка на Исус.

Овој пат тој и соопштил дека за три дена нејзината ду ша ќе го напушти нејзиното тело. Во тоа време, Пресвета Богородица успеала да се прости од своите роднини и ученици Христови, а потоа во нивно присуство повторно се соединила со Бога. Ова ѝ даде вечно небесно постоење.Оттука и името на празникот Успение на Пресвета Богородица – тивката, мирна см рт на Богородица.

Кога во 2007. година одлучив на Владата да и предложам промени и проширување на празниците во Македонија, на претходни консултации за делот на христијанските празници го поканив архиепископот на МПЦ-ОА г.г.Стефан.

Во тој разговор и консултации се утврди мојот конечен предлог кој подоцна беше подржан од владата и парламентот, па од тогаш денешниот празник е празник и неработен ден за сите христијани во Македонија.

На сите православни христијани им го честитам празникот и посакувам повеќе здравје, силна верба во Бога, спокојство на душата и многу поголема меѓусебна почит а особено почит на децата кон родителите, напиша Никола Груевски на својот фејсбук профил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.