Никола Груевски проговори за венчалниот кум од својот прв брак од 2001 до 2005 година

  • By admin
  • март 28, 2022
  • 0
  • 494 Views

Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ кој неколку години е во Унгарија повторно имаше што да каже и се огласи преку својот профил на фејсбук:

Јас немам против Јордан (Орце) Камчев – не станови во вредност од 1,3 милиони евра, туку и 5 милиони евра да им даде, ако сака и болницата и банката нека им ги даде за да си ја купи слободата, но нека не ме меша мене таму каде знае дека не сум имал ништо и нека не им ги потврдува лажните конструкции со кои власта која врши политички про гон против мене по секоја цена сака да ме прогласи виновен, за нешто со што немам никаква допирна точка.

Тоа е мојот краток коментар од денешното суд ење. Оние кои ги интересира суштината и содржината на оваа конструкција низ призмата на денешните искази и сведочења во судот може да прочитаат подолу.

Веќе се наѕира конструкцијата која Јордан (Орце) Камчев и об винителката Лиле Стефанова во последните 2-3 недели ја направиле со следните цели:

1.Об винетиот бизнисмен Јордан Камчев без никаков основ и доказ набедувајќи ме мене да помине со блага каз на но без ново одење во зат вор по овој предмет; Слично да помине и неговата мајка Ратка Камчева, неговиот вработен извесен – Нено Јосифовиќ, како и Ристо Новачевски, според зборовите на Камчев дадени во обвини телството – негов долгогодишен пријател и бизнис партнер кој според Камчев со години секојдневно одел во неговата болница и им продавал лекови како трговец со лекови.

(Ристо Новачевски беше мој венчален кум во мојот прв брак од 2001 до 2005 година, но очигледно дека потоа одкако заради мојата презафатеност се оддалечивме, се продлабочило неговото пријателство и бизнис релации со Јордан Камчев).

2.На Орце Камчев да му биде помогнато во друг предмет каде позициите му се лоши и каде Камчев треба да биде извлечен.

3.Со обзир дека веќе преку меѓународно вештачење видоа дека од моја страна, или од страна на мој близок, или од било кој од Македонија, ниту влегле пари во фирмата купувач на земјиштето, односно која ги префрлила парите за купување на земјиште на нејзината фирма-ќерка во Макеоднија, ниту пак излегле односно ниту сум примил пари (за наводно продавање на земјиште), во последен момент смислија нова мон струозна конструкција во која Орце Камчев се согласил да жрт вува негов имот од зграда која тој ја градел, вреден отприлика колку цената на земјиштето, односно износ околу 1,3 милиони евра за кое без никаков основ ме теретат дека било мое и дека Камчев го купил само затоа што Ристо Новачевски му кажал дека било мое.

Ова со цел, освен што би ме ос удиле, власта да може да каже дека “бројчаникот почнал да врти” а тие почнале да ги враќаат “парите на граѓаните” кои всушност се пари на Орце Камчев со кои пари сака да се извлечи од овој прогон, односно да ја купи својата слобода (ако се само тие пари со кои ќе си купува слобода од пр огонот).

4.Обвин ителката Лиле Стефанова овој предмет кој и е веќе загубен, бидејќи нема никакви докази, да се обиде да го спасува во своја корист и да се смета дека победила во предметот па да добие нови поени и награди кај власта.

Мене да ме прогласат за в иновен, да ми дадат затв орска каз на и да прогласат дека ми запл ениле имот кој всушност е имот на Орце Камчев на име на неговиот зет од сестра – Мето Стојчевски.

Имено, зетот на Орце имал во сопственост некоја неактивна фирма на која имал три стана во објект сопственост на Камчев a кој тој го градел но со друга активна фирма.

Одеднаш, бидејќи им треба таа алка во приказната, Орце а подоцна и зетот велат дека тие станови ги чувале за мене како компензација за земјиштето на Водно кое го купил и подоцна го продал Орце Камчев.

Ми чувале станови? Како тоа јас толку години да незнам дека некој ми чува станови? И ако веќе требало да ми дадат пари, зошто не пари, туку станови и тоа на име на зетот на тој кој наводно ми должел.

И како јас би ги превземал тие станови од него кога тоа законски е невозможно а особено не за политички експонирано лице. Како би станале тие мои дури и ако отидев на портирницата да си ги земам клучовите.

Јас можело да ги земам клучовите но не и имотот и тоа е многу малоумно смислена конструкција. Јас би можел да го добијам тиј имот само ако го платам, а ако го платам, тогаш за што сум добил во нивниот матен филм?

Па вака може секој да каже за нешто што го поседува дека ми го чува и да ме ос удат за прикривање имот и пер ење пари. Може некој кој ги има да каже дека ми чува 1000 овци, 2 коња, три возила и две куќи, а неговиот шура да каже дека тој се договорил со некој мој поранешен кум или другар. Каква е оваа лакр дија? Ова личи на шала, а не на сериозен с удски предмет.

За воља на вистината зетот на Орце Камчев – Мето Стојчески, денес кажал во су дот дека се познаваме, дека сме се сретнале повеќе пати но дека никогаш не сум му побарал станови, ниту било што сме зборувале за тоа.

Да, со Мето – зетот на Орце се имам сретнато барем 5-6 пати, дури и на само каде можел да го отвори тоа прашање, сме се сретнале и во приватни прилики, и ако навистина чувал станови за мене, нели логично е да ми кажал нешто околу тоа или да прашал нешто. Не рекол ништо, бидејќи Мето незнаел дека по 5 години ќе треба да го спасува шурата со вакви ла ги.

Каков ап сурд! Какви глуп ости! Каква неправда! Зетот на Камчев го посочил Сашо Мијалков дека токму тој му рекол дека тие станови биле за мене, а Сашо Мијалков во суд ницата денес посочи дека никогаш и за никого, вклучително ни за мене не посредувал или правел активности со кои ќе прикрива туѓ, односно во овој случај мој имот.

Оваа мега лага мислам дека ги надминува капацитетите на Лиле Стефанова, а впрочем ако овој финиш на овој су дски предмет беше смислен од неа, ќе тргнеа со истото од самиот почеток. После се ова се чини дека ова мора да е смислено и понудено во последните недели од самиот Орце Камчев кој вовлекувајќи го и неговиот зет, презентирал на обвинителката понуда која неможе да ја одбие и таа ја прифатила:

1. Таа да излезе како победник со пре суда во нејзина корист,

2.Обв инителката да се пофали со одземање на наводен мој скриен имот, и политички да му сервира на СДСМ приказна дека ме ос удиле за наводен кр иминал и ми запл ениле наводен имот

3.Орце да не оди во зат вор а за тоа да жр твува три стана и нормално да го жрт вува својот углед како и угледот на сите кои застанаа во негова одбрана и кои сите тие и цела јавност до пред пет дена ги убедуваше дека е невин и дека е жр тва на политички прогон, кој што углед очигледно не му е важен, бидејќи да му беше важен угледот немаше да влегува во вакви срамни конструкции.

Што друго да кажам освен да ги прашам што планираат со вистината? Таа ќе излезе на виделина, порано или подоцна? Како ќе живеат со ова?

За сето ова да заврши како што наумиле им треба и суд ија кој ќе го по гази правото и од рекла-казала изјави на обв инети и по некој уце нет сведок или роднина на обвинет, без никакво движење на пари или друг имот на мое име или на кој близок, без елементарен доказ од каде таквите пари биле прибавени, без доказ како и на кој начин се уплатени во фирмата која го купила земјиштето и доказ дека тие станови навистина биле мои односно наменети за мене, ќе ги “затвори очите” и ќе потпише прес уда.

Во нормална држава во Европа тоа неможе да се случи. Во Македонија веројатно може. Да видиме дали овој суд ија ќе дозволи да влезе во оваа група на су дии кои заради некое унапредување во повисок суд или друга награда, или заради политичко влијание, или можеби пр итисок и за кана, или се заедно, ќе го стави својот углед и чест во залог и засекогаш ќе остане со една голема флека во своето работење.

Интересно е што во судот свои изјави дадоа голем број сведоци на одбраната, кои медиумите или не ги споменаа, или мал дел од нив нафрлија по една до две реченици од целиот нивен исказ колку да се каже дека нешто напишале, додека уце нетите сведоци од обвин ителството добија големо внимание и простор. Но, за тоа во некоја друга прилика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.