Неџат од Скопје по животот во дом, останал на улица: Бара работа и една соба да може да преспие

  • By klaster2
  • ноември 1, 2022
  • 0
  • 264 Views

Сите ние добро знаеме колку значи родителската љубов, нивната грижа, нивната близина, и едноставно самото нивно присуство во нашите животи.

Но не секој ја има таа среќа да израсне со родителска љубов и нивна близина, судбината често знае да си заигра и да го однесе животот во некој друг правец.

Во Македонија има неколку домови за згрижување на деца, каде што е можно повеќе им се дава услови и чуство дека се безбедни и сигурни.

Но по животот во дом за згрижување, овие кревки деца откако ќе наполнат осумнаесет години, го напуштаат домот и треба да се осамостојат, но често завршуваат на улица.

Еден таков пример е и Неџат Камбери, доста скромно и интелегентно момче кое има многу тажна приказна, која ја споделува на јутјуб каналот на ,,Лазаров”

– До четири години сум живеел со моите родители, тогаш татко ми пошол по лошиот пат и завршил зад решетки, а мајка ми не можела да ме чува и ме оставила во дом.

– Од мојата четиригодишна возраст па се до четиринаесет години јас поминав во дом семејство во Кочани, каде што можам да кажам дека ми беше убаво.

– Таму бев со уште двајца мои браќа, имавме убави услови, имамве образование, храна и воспитување, се навикнав таму, вели Неџат.

– Потоа се појавија едни мои роднини кој сакаа да ме земат под нивни закрлија во Штип, но искрено тие немаа никакви услови, едноставно сакаа да бидам со нив.

– Во Кочани ми беше убаво, но заминав во Штип а таму ситуацијата беше многу различна, таму условите беа многу лоши, но се крпеше некако.

– Видете иако тие ми се роднини, секој си го гледа својот интерес и често ме тераа на не чесни работи на кој јас не прифатив и останав на улица.

– Таму спиев по улици, по контејнерите, бев без парче леб, гладував. Таму единствено парче леб вадев пред дискотеките.

– Пред една дискотека, стоев и им исполнував музички желби на луѓето што минуваа и ако им се допаѓаше ми оставаа по некој денар.

– Но тоа не беше решение, бев на улица цело време па се пројави опција да заминав во дом за згрижување во Скопје, таму отидов буквално валкан и гладен.

– Бев примен добро и се почуствував топлина таму, ми се среди малку животот но привремено, за жал на мојата сегашна возраст, тоест 18 години го напуштив.

– Сега сум повторно на улица, мајка ми и татко ми никогаш не пројавиле интерес за мене, не сакам ниту да контактирам со нив, тоа не го прават вистински родители.

– На распустите во училиште поправав фискални каси, знам и некој други работи да работам, барам шанса за нов живот, не сакам да завршам како моите роднини и да тргнам по лоши патишта.

Првата помош секако дојде Стефан Лазаров кој се понуди да му ја плати киријата за 3-4 месеци и побара од јавноста барем едно собче, и да му се најде работа на ова скромно момче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.