Уште една сторија на емисијата „Срце на дланак“ која се актуелизираше со објавата на нашиот портал „Кластер.мк“ наиде на големо внимание во јавноста.
Станува збор за Виолета Давиткова од с. Ерџелија, светиниколско која има 46 години, се омажила доста млада и на 17 години го добива првото дете на 19 години и второто женско. Но очигледно овие моменти ќе останат единствените среќни моменти во нејзиниот живот.
Виолета е се во куќата, се бори со сиромаштијата и со ситуацијата на секој можен начин, носи дрва од шумата, на сета ситуација била приморана да купува и количка за дрва.
Ова семјество во текок на вчерашниот ден го посети хуманитарецот Александар Горгиевски од Штип кој сподели статус на својот профил на фејсбук со фотки и видео:
Жална моја Македонијо жален мој Македонски народе 21 век погледнете у какви услови живеат наши сограѓани. ИМАМЕ ЛИ НИЕ ИНСТИТУЦИИ
Градоначалникот на Општина Свети Николе, премиерот Зоран Заев сите можни институции под итно да се ангажираат и ако тука не помогнат на ваков случај срам и арам да ви е.
Сите од прв до последен оставки да си дадете ваква глетка до сега у животот не сум видел ова е страшно.
Синот Стојан и Сопругот Зоран мора да се згрижат потребна и е болничка нега. Ако не реагирате брзо овие луѓе за кратко нема да бидат меѓу нас живите.
Мајката Виолета господ да ја чува како е оваа жена издржала све ова ова е жена БОРЕЦ жена за пример .
Новинарите под итно да се ангажирате да извршиме при тисок на институциите да се информира и Жан Митрев потребна е и негова помош овде ајде народе мој мобилизација ако не реагираме овие луѓе не одат долго ви гарантирам.
СПОДЕЛУВАЈТЕ да стаса до тие што треба за тие што се платени да се грижат за вакви луѓе СРАМОТА СРАМОТА дали е ова држава у која сите ние живееме сами проценете дали имаме ние институции сами проценете! Александар Горгиевски.