Неповолни вести и за Македонците: Низ Словенија веќе нема ниту слободен транзит

  • By admin
  • август 14, 2021
  • 0
  • 4887 Views

Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, доказ дека прележале или негативен тест .

Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања, се вели во соопштението на владата по синоќешната седница.

Дотогаш, патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус на Ковид на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, и не подолго од 12 часа.

Исклучок од ПЦТ-условите за влез во Словенија се уште важи за лица помлади од 15 години, сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работници мигранти и вработени во меѓународен транспорт.

Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, додека носењето маски станува задолжително за собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.

Ова секако важи и за граѓаните кои патуваат од Македонија и е неповолна вест ако се знаат неколку работи.

Имено периодов голем број нашинци се на одмор во родната татковина, а по истекот на истиот најчесто ја користат Словенија за транзит при заминување кон Италија, Австрија и Германија.

Добра околност е што сепак оваа мерка не започнува веднаш и има простор до 23 август.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.