Невакцинираните во Италија, постари од 50 години ќе осетат на џебот – важи и за странците

  • By klaster2
  • февруари 1, 2022
  • 0
  • 416 Views

Веќе две години живееме во време на пандемија, во време каде што животите ни се променија и тоа доста а исто така и добивме многу ограничувања.

За жал поради оваа ситуација изгубивме многу наши блиски роднини, пријатели дури и членови од потесното семејство, кој веќе ги нема.

Исто така и на финансиски план длабоко се осети оваа пандемија, многумина останаа без работа, а и цените на продуктите се покачија.

Маските ни станаа секојдневие како и средствата за дезинфекција. Се соочуваме со многу мерки кој се менуваат од ден во ден.

Во Италија земја каде што има многу Македонци денеска стапува на си ла одлуката за санкционирање на невакцинирани лица над 50 години, меѓу кои и странци кои живеат таму.

Почнувајќи од вторник, лицата кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ кои ќе приложат доказ за целосна вакцинација или потврда дека го прележале вирусот, нема да мора да имаат негативен тест за да влезат во земјата.

Поради многу позаразната варијанта на омикрон, тестот досега беше задолжителен за сите, без разлика на статусот на човекот.

Од почетокот на јануари вакцината против коронавирус е задолжителна за сите лица постари од 50 години. Од вторник лицата од оваа возрасна група кои се уште не се вакцинирани, или не примиле втора или трета доза иако имале можност да го сторат тоа, ќе бидат санкционирани со 100 евра.

Мерката останува на сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странски државјани.

Почнувајќи од 15 февруари, лицата постари од 50 години, исто така, ќе треба да достават доказ за вакцинација или прележан виурс на своите работодавци и ќе мора да работат од дома доколку го немаат тој сертификат. Оние кои ќе нема да ја почитуваат мерката се соочуваат со санкција од 600 до 1.500 евра.

Од вторник сите што ќе влезат во книжарници, банки или канцеларии ќе треба да покажат потврди за вакцинација или доказ за прележан виурс. Ова не важи за потрошувачите во супермаркетите и аптеките.

Во Италија, која има околу 60 милиони жители, а речиси 81 отсто од вкупното население е вакцинирано против Ковид-19.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.