Не е само Илдизе – одговорност за грешка на докторот од Струга сега бара уште една фамилија

  • By admin
  • март 17, 2021
  • 0
  • 1940 Views

После два месеци од објавувањето на родилката Илдиз Веаповска, но и откако инспекторатот утврди дека докторот дома си имал дива ординација, министерот Венко Филипче се охрабри да го разреши од функцијата.

Телма ТВ носи вест која вели дека има уште еден случај поврзан со истиот гинеколог.

Ова е две годишната Амила Несимовска од Дебар. Се уште не зборува и не ги распознава своите родители и братчето.

Има нарушувања откако е родена, а нејзиниот татко Бајрам тврди дека е поради лекарска грешка и тоа на гинекологот Мухамед Асани од Струга, истиот кој го изврши и породувањето на родилката од Дебар на која подоцна и беа извадени матката јајникот и левиот бубрег.

Според документите кои Несимовски ги добиле од детската клиника Амила добила тешка породилна асфиксија или како што напишале лекарите останала без воздух при породувањето.

Таткото тврди, ја испратиле неговата сопруга од Дебар во Струга да се пораѓа за тоа што утврдиле дека околу вратот на детето била изврзана папочната врвка.

Ме пречка господинот, му го дадов документот. Ми рече нема потреба од па ника, твојата мала си игра со папочната врква. Ми беше јасно дека нешто се случува кога се развикаа, дојдоа многу доктори, сфатив дека не е во ред, мислев дека со жена ми се деси нешто.

За малата на крај памет не ми текна. Се е во ред, само недостига кислоре. За да недостигал кислород треба некој да те зада ви. Мора да има одговорнос, да не речам 100 посто, но 99 сум сигурен дека е грешка, вели Бајрам Несимовски, таткото на Амила.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телма Тв

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.