За Наум Петрески не е потребно да се трошат премногу зборови. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.
Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.
Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.
Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспората кај нашиниците.
На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.
Над 300 песни има на својот репертоар и се уште снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.
Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.
Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.
Јас од мој најрани години сум музичар. Од четири години смирам хармоника, па потоа сите други инструменти. Со пеење започнав во подоцнежните години.
– Сум размислувал со што би се занимавал доколку не би бил музичар. Сигурно би бил биолог или истражувач на таа тема.
– Јас сум по биологијата. Исто така јас сум нуркач долги години и сум истражувач имам нуркачка археологија. Па така и тоа ми е омилена област.
– Можам да кажам дека зад секој успешен маж стои успешна жена. Едно без друго не оди, вели Наум Петрески во интевјуто за ,,Бекстејџ”