Многучленото семејство Попови во 21 век живее без струја и основни услови за живот

  • By klaster2
  • ноември 18, 2021
  • 0
  • 415 Views

Во селото Маргита во трошна куќа без услови за живот во 21 век живее многучлено семејство кое го сочинуваат таткото Горан и мајката Божана, како и децата Александра (20), Лука (16), Никола (13), Елена (11) и Вук (8).

,, Три години имавме проблем со броилото што го пријавивме, на крајот ја исклучија струјата. Долгот го подмиривме на рати преку извршител.

,, Сега треба повторно да се приклучиме, а за тоа ни требаат 65.000 динари. Ни велат дека немаме право да плаќаме на рати, мораме да платиме наеднаш, а тие пари за жал ги немаме – изјави Горан за ,,Србизасрбе орг”

Ова скромно семејство живее од социјална помош и детски додаток за четири деца. Божана е домаќинка, додека нејзиниот татко работи за леб секогаш кога има работа.

Најстарата ќерка учи во Гимназијата во Вршац, најстариот син оди во средно училиште и учи за компјутерски технича, додека најмладите одат во основно училиште.

– Знаеме дека има луѓе на кои им е потребна помош многу повеќе од нас. Ја купивме оваа куќа пред 7 години, така што некои работи се во добра состојба, а некои треба да се заменат.

– Исто така, децата растат, па затоа е потребно да се уреди просторот за да има место за сите. Би биле благодарни доколку можеме да обезбедиме нешто како што се шпорет, кревет или некој ормар.

– Исто така јас знам да бојадисувам и работам како молер, па би замолил некој доколку има материјал за работам, со кој би работел ако некој ме викне или би се понудил, вели таткото.

– Како растат децата така и нивните потреби и барање се поголеми, еве големите ќе сакаат да одат на факлутет, но јас немам за да им обезбедам.

– Се трудам да допринесам што можам, ако ме викне некој ќе идам и ќе работам, да донесам за семејството и за мене нешто вели малиот Лука.

ФОТО: ,,Србизасрбе.орг”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.