Младата Сашка од Куманово дипломирала царина и шпедиција, но се одлучила за занает со кожа и крзно

  • By klaster2
  • март 8, 2022
  • 0
  • 580 Views

Дипломирала царина и шпедиција, но произведува традиционални кожни и крзнени производи. Младата кумановка, Сашка Ивановска го наследила занаетот на татко и ѝ дедо и.

Производите ги пласираат на пазарите во земјава, но имале соработки и во Канада и Австралија. За традиционалните опинци и шубари вели најзаинтересирани се туристите.Во земјава опстојуваат околу 100 стари занаети. Занаетчиската комора бара трајно да се субвенционираат.

Сашка е 35 годишна жена која е една од ретките припаднички на понежниот пол која се занимава со занает, односно кожни и крзнени производи.

Таа работи заедно со својот татко во работилницата која се наоѓа во нивниот семеен дом. Произведуваат опинци, шубари, елеци, дајриња, тапани и слично.

Покрај домашните пазари, најголем пласман имаат и на турстичките места како Охрид каде како што велат има голема побарувачка.

– Се пронајдов во целиот процес и затоа решив да останам и да помогнам за да опстане овој занает. Досега успешно соработувавме и со клиенти во Канада и Австралија.

Татко и на Сашка, чичко Момчило пак раскажува дека на почетокот тој одбивал таа да се вклучи во овој занает. Вели продажбата на овие производи пред 20 години била многу поголема.

Процесот вели не едноставен бидејќи се работи со сурова кожа со штавење: Порано имаше многу поголема побарувачка се случувало на еден саем да продадеме и до стотина лисици.

– Сме продавале и над стотина шубари, но за жал денеска крзното е во исчезнување и ретко кој посетува и побарува, вели Момчило.

На барање на занаетчиската комора, општина Куманово ќе почне со субвенционирање на старите занаети кои се во фаза на исчезнување. Во државава функционираат околу 100 стари занаети на кои треба да им се помогне.

Исто така занаетчиите ќе се ослободат од плаќање на фирмарина. Целта на комората е трајно зачувување на занетите и отворање на сувенирници.

– Ние бараме трајно субвенционирање со цел да ја задржиме Сашка тука во Македонија и да ја претставува културата и традицијата.

– И во понатамошниот развиток на овој занает да има и практиканти, вели претставник од комората пред камерите наМакедонската радио телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.