Митко Јанчев повторно со својата дарежливост: На секој што ќе дојде во Кавадарци ќе му даде подарок

  • By admin
  • септември 8, 2022
  • 0
  • 369 Views

Митко Јанчев кој е докажан и покажан како успешен бизнисмен, политичар и хуманист секогаш знае да биде актуелен за јавноста.

Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.

Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.

Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во раководењето и развојот на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата. Исто, под раководство на Јанчев, компанијата го привлекува и соработува со светски познатиот бренд Синалко од Германија.

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и бо рба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството.

Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава особени придонеси низ спортот во град Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК Фени Индустри, Џудо клубот Кожувчанка, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и многу други.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани,помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава, особено во град Кавадрци со повеќе донации како реконструкција на прозорци и апарат за ЕКГ во Здравствен дом Кавадарци и амбулантно возило Мерцедес за општата болница во град Кавадарци.

Викендов на сцена се враќа традиционалниот Тиквешкиот Гроздобер а како главна ѕвезда ќе биде Горан Бреговиќ и неговиот оркестар.

Во пресрет на настанот првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на својот профил на фејсбук денес се огласи и порача:

По иницијатива на градоначалникот, во деновите за Тиквешкиот гроздобер, петок, сабота и недела, на пунктовите поставени на трите бесплатни влеза во градот, сите гости освен упатства и насоки за паркирање, во знак на добредојде ќе добијат и по едно пакетче со асталско бело и црно грозје, донација од Кав Комерц Кавадарци.

Пакетчињата со грбот на Општина Кавадарци и логото на Тиквешкиот Гроздобер, се изработени во печатницата Гинис од Прилеп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.