Митко Јанчев не мирува, нов голем потег на првиот човек на Кавадарци: Ајде да се соберем

  • By admin
  • јануари 2, 2022
  • 0
  • 552 Views

Првиот човек на Општина Кавадарци, МиткоЈанчев е познат по својата хуманост и бо рба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството.

Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава.

Пред неколку моменти Митко Јанчев се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Ајде да се собереме.Никој не треба да биде сам за Божиќ.

Почитувани, Додека повеќето од нас ќе се соберат да го прослават Бадник и Божиќ, да се насмеат и да уживаат на празничната трпеза со семејството и своите најблиски, не смееме да заборавиме на оние кои се без семејство.

Без дом, без полна трпеза, не смееме да ги заборавиме оние кои се сами и осамени. За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да им биде најубавото време во годината.

И затоа во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира ручек на градскиот плоштад на 6 јануари од 9 до 14 часот.

Кој има за цел да допреме до овие луѓе и да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кој веруваме ќе стане традиционален.

Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов од ресторан Моклиште, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од цела Македонија ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани.

Секако ова не би било возможно без нашите пријатели од Слога Пром Кавадарци, Грација Пром, Маркет Лутка, Ресторан Моклиште, Кожувчанка, Фаст фуд Мерлин, Пиљара и продавница за здрава храна Аце Пром, и Левидиагро Кочани, на кои од срце им благодариме! Ве чекаме во четврток..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.