Непријатни сцени во домот на семејството Станисавлјевиќ кое брои седум деца од кои две поради сиромаштија биле однесени во згрижувачко семејство.
Куќата во која живеат не е нивна им ја дал сосед кој исто така живее во тешка ситуација, а за возврат му плаќаат 6.000 динари.
Никола (13), Јован (12), Милица (11), Марко (9), Марија (6) од Трговиште ( Србија) се деца кој виделе многу па тење во својот живот.
Иако толку мали тие искусиле како е да се биде гладен, жеден, да немаш соодветни услови за хигиена, да бидат измрзнати.
Сите спијат во една соба, во два кревети, мајка им работи како хигиеничарка, а татко им приватно но тоа кога ќе го викнат.
„Многу би сакала да имам пат, многу ми е ст рав да се вратам од училиште кога е темно, ништо не се гледа, немаме ни светла” вели малата Милица.
,, Мајка ми работи како хигиеничарка, единствените сигурни примања се од таму, иако минимлани, додека пак тато ретко работи, вели Никола.
,, Би сакала да сум поблиску до моите пријатели да можеме да се дружиме, но нема услови а јас не ни можам да ги поканам кај мене, додава таа.
,, Често сме гладни, некои од братчињата ни ги зедоа поради сиромаштија. На улилиште не носиме пари, па кога ќе си дојдам ако има нешто ќе каснам, ако не ништо. вели Јован.
Големата хуманитарка која помогнала на многу семејства во слична систуација Тамара Мисирлиќ, го посети ова смејство и ја слушна и рашири нивната приказна.
Навистина е жално во 21 век, толку мали дечиња да трпат и да немаат, бидејќи насмевката на нивните лица вреди повеќе од било која цифра пари.