Милица Станивук од Чуруг е надалеку позната како ,,Мајка на храброста,, која одгледува дури единаесет деца со само 18.000 динари месечно.
Без струја и основни услови за живот, Милица сама одгледува шест момчиња и пет девојчиња, кој едвај скрпуваат крај со крај.
Како што вели, струјата и ја исклучиле пред единаесет години поради долг, а немаат пари за ново броило, па така седат во темница.
-Тој долг не можеше да се плати тогаш, тоа беше долг на татко ми што не можеше да го плати. Добивме право на ново броило кое е околу 160.000 и тоа не можеме да си го дозволиме – вели Милица Станивук.
Мајката на единаесет деца не се двоуми да работи, но чувањето деца е проблем, кој ја спречува, вели таа за Курир Телевизија.
– Сите сме способни за работа, но не можам да ги оставам. Можеме да замесиме кифлички, да направиме колачи и така да печалиме … – вели оваа храбра мајка.
Милица има пет ќерки и шест сина, најстарото дете има 21, а најмалото само 3 месеци. Постарите деца се грижат за помладите.
– И помагам на мајка ми, се грижам за моите браќа и сестри и им читам книги и ги спремам за училиште- вели Александра, една од ќерките.
Сите деца и помагаат на својата мајка за која велат дека е најдобра на светот и дека нема подобра од неа. Живеат по принципот еден за сите- сите за еден.
– Ги сакам најмногу на светот, тие се мојот живот и центарот на светот. Ако одвојат барем 10 минути за сите, тоа е доволно за да бидат добри и воспитани – вели Милица Станивук.
Иако секојдневните предизвици се редат, најголемиот предизвик е да ја загрее водата. Ова многудетно семејство покрај тоа што нема струја, нема ниту бања.
Меѓутоа, за оваа Мајка на храброста сиромаштијата не е изговор за нејзините деца да бидат несредени. Како што вели, најмногу им недостига струја и да не бидат гладни.