Милена во солзи: Никој не дошол да не праша како живееме овде, го капам синот надвор на овие минусни температури

  • By klaster2
  • февруари 3, 2022
  • 0
  • 509 Views

Не секој ја има таа среќа да израсне во среќно и сплотено семејство, полно со љубов, судбината често знае да си поигра со многу животи.

Ета таква судбина живее Милена Гругиќ заедно со својот син кој има мен тални проблеми, покрај финансиските и здраствените проблеми и се големи.

– Мене никој не дошол во оваа планина да ме праша како живеам, како ми е и со синот како издржуваме и ја поминуваме зимата, вели во солзи Милена.

– Живееме само од 8.000 динари помош што ја зема синот, кој го носев по сите болници и прима многу лекови, но здраствената ситуација му е иста.

– Немаме ниту функционална бања, јас го капам синот надвор, во овие минусни температури, од лошо кон по лошо ете така ние живееме.

– Останав без сопруг пред 11 години, кога беше тој крпевме некако, но по неговото заминување останавме на цедило, вели Милена.

– Синот не е способен за работа, некој ке го викне некаде да помогне да носи камења или дрва, но тоа ретко се случува.

– Колку ли само непроспиени ноќи сум имала, што и како ќе биде, мислите ми го земаат умот, како ли ќе продолжиме и што не чека утре.

Дејан Милошевиќ, хуманитарец кој помогнал на многу семејства овој пат затропа и на нивната врата и ја слушна нивната приказна.

И додели неколку пакети со храна и хигиенски производи, и ја рашири нивната приказна во јавноста со цел барем малку да им го олесни животот на семејството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.