Миле: Се вратив од Германија за инает на комшијата – ми велеше нема да успеам, а направив еден куп пари

  • By klaster3
  • март 27, 2022
  • 0
  • 595 Views

Кој би рекол дека денес некој ќе сака да се врати во Македонија и да работи за прочуените 300 евра плата?

Додека сите гледаат да фатат магла оттука и да печалат пари во белиот свет, до нашата редакција стигна приказната на Македонецот Миле кој од убаво платената работа во Германија решил да се откаже.

Но, неговата приказна има успешен крај со каков што многу малку наши повратници би можеле да се пофалат. Ви ја пренесуваме во целост.

„Моето име е Миле С., имам 48 години и речиси 13 години живеев и работев во Германија. Семеен човек сум со жена и две деца од 15 и 13 години.

Кога се зедовме со сопругата работев како дистрибутер во една пивара долги години. Таа поработуваше ваму – таму за да извади дневница, но повеќе беше со децата.

Не живеевме ептен сиромашно, ама не бевме ни богати. Држевме дуќан за прехрамбени производи во куќата, ама дури одеше – одеше, после морав да го затворам.

Во тој период, пред повеќе од десетина години, не беше толку активно иселувањето. Арно ама видов дека не можеме да ги растеме децата со платите што ги имаме и се решив со еден пријател да заминам во Германија.

Од занает не знаев ништо, па на почетокот така одев неколкупати дури се поднаучам. Не е лесно да се навикнеш на живот во странство, да живееш со уште тројца непознати во соба, ама немав друг избор.

Се тешев дека еден ден ќе средам документи и фамилијата ќе си ја однесам.

Арно ама сопругата никако не сакаше да дојдат – децата си оделе на училиште таму, имаат другарчиња и си остаанв сам.

Одев, се враќав, праќав пари така што таа не ни работеше за сите тие години. После работев во градежна фирма и сегде каде што ќе ме побараа, друго беше откако веќе научив и јазик и како функционираат работите таму.

Нема што – мора да ја пофалам Германија, за секој што е работлив нуди навистина добри можности. Ама знаете кај нас како е – од луѓе и озборувања глава не можеме да дигнеме.

Не запреа зборувајќи дека моите деца носеле брендирана облека, па жената имала кола од салон, децата веспа, куќата реновирана и ред други работи. Имам еден сосед кој секогаш кога ќе си одев во Македонија си наоѓаше нешто за да ми префрла. Демек што ќе ми бил животот кога сум одделен од семејството, не ги гледам децата како растат.

Слатка ми била парата па не сум се осмелувал да се вратам да работам во Македонија. Арно ама го зафркнав –ми велеше нема да успеам, а јас тука направив еден куп пари.

Е сега нека пук не пак од љу бомора. Ме послужи среќата во животот, ете, знаев што и како се бара и е платено кај нас, па тоа и решив да го работам.

Веќе си ја знаев работата од Германија, се распрашав и за кај нас, и наместо таму да работам за некој друг што не го ни познавам, јас се вратив и сам си основав бизнис.

Магацинот што го користев за продавницата го опремив со материјали и алат, и малку по малку почнав да се занимавам со менување покриви, фасадирање на куќи, изолирање, лепење плочки, буквално се што може да се работи во и надвор од домот.

Во Германија работев се од тоа, само одевме по неколку работници во зависност од тоа што се бараше. И тука си викам луѓе кога имам потреба и им давам дневница. Не можам да се по жалам, заработувачката ми е иста – дури многу подобро тука поминувам.

Во Германија не ми остануваа пари, ми одеа за кирија, даноци, за Македонија и јас едвај за храна и гориво да имав. Кој како сака нека мисли, ама ако знаеш да се снајдеш и во Македонија може да си живееш убав и луксузен живот.

Она што ми е најважно во моментов е тоа што сум пак со децата, гледам дека се многу порадосни што фамилијата им е цела, жената не работи никаде и само ми угодува“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.