Новинарот Фуркан Салиу како и секогаш знае да привлече внимание со своите објави на социјалните мрежи, па така беше и овојпат кога напиша:
Завршува пр отестот, си идеш накај дома, во поштенското сандаче те чека опомена за неплатени сметки. Не можеш да стигнеш ниту сметките да ги платиш со социјалната помош.
Влегуваш дома, фрижидерот празен. Си викаш; барем образот ми е чист и главата мирна. Не за долго… Доаѓаат децата ти бараат пари.
Живеат во време кога гледаат сешто на социјалните мрежи и имаат многу желби. Срцето ти се кине, ама мораш да им кажеш дека едноставно немаш. Главата горе, очите вперени во таванот, знамето на гради… Вреди ли?
На ова не му остана должна познатата инфлуенсерка и тв водителка Миа Костова која му реплицираше со статус на својот фејсбук профил
Си одам накај дома, во поштенско сандаче не ме чека неплатена сметка, сѐ ми е платено и не должам два денари никому. Стигам да платам све, кој и да е на власт, зошто потам г аз, и давам сѐ од себе.
Влагам дома, фрижидерот полн, не знам што попрво да јадам. И образот чист, и главата мирна и фрижидерот полн.
И така со години… доаѓа дете ми бара пари. Му давам, работам и не зависам од никој, има многу желби па правам сѐ да му ги исполнам.
Задоволна сум од себе ама не знам како да му објаснам дека не сме Бугари и дека јазикот што го зборуваме не е дијалект. Мајка му зборувала Македонски, Македонка е, секогаш ќе биде.
Главата горе, очите вперени во таванот, знамето на гради…. Вреди ли? Вреди и те како вреди! Македонија за мене, за него и за сѐ што доаѓа. Ништо друго не е опција!!!