Медијан Веселовиќ е 26 годишно младо момче кое никогаш не ги запознало своите родители, на една ипол година е донесен во Хиподром во згрижувачко семејство кое ќе го засака како свое сопствено.
Толку ќе ја засака својата мајка која кога ќе остаре и ќе се разб оли ќе ја чува повеќе од нејзиното биолошко дете. Дури и последните пари ги дава за да и го продолжи животот.
Уште како мало бебе во 1997 бил згрижен од мајката Драгица и заедно имале многу љубов и среќни моменти, но како старее мајка му се повеќе се разболу ва и е оставен сам да се грижи за неа.
Пријателка на мајка му вели дека дете како него не сретнала досега. Го влечела музиката, први места освојувал кога пеел, одел и кај Есма Реџепова на часови, имал снимено и касета, но имал проблеми на школо поради различниот живот и боја на кожа.
– Јас прво би ги прашал биолошките родители зашто ме оставиле, по која ингеренција ме донеле во ова семејство, дали не можеле да ме гледаат дали мајката Сабрија била болна или јас сум бил болен па не можела да ме чува, ја започнува својата приказна Медијан.
На мајката Драгица пред да го напушти овој свет, пред 3 години, последни зборови и биле: жал ми е за ова дете. Тогаш Мето не бил свесен за проблемите кои ќе следуваат.
Драгица имала една биолошка ќерка која живее во Австралија и која постојано и велела мамо ова дете те гледа, те чува, те носи по лекари, јас го сакам и почитувам брат ми е препиши му го станот на него.
Драгица тоа и го направила, напишала тестамент и станот во кој живееле му го оставила нему, но на крај дојде ред ќерката да го брка од станот дека е назеконски вселен.
Три години откако е сам, Мето живее многу тешко. Толку години живее и без струја, во зима вели тој, едвај преживува. Нема каде да го наполни телефонот, нема како да одржува хигиена, нема начин како да живее.
– Неколку пати сум лежжел и на пул мологија. Барам апел да ми се помогне да можам да останам во станот од моето детство, немам ниту живеалиште ниту пак работа. фирмата падна во стеч ај и сите не избркаа.
Со плата од 18.000 денари можев да јадам и да пијам, а сега останав уште со три кришки леб последно ми е тоа што ќе го изедам денеска од утре веќе немам храна. Се бањам со ладна вода, алиштата ги перам на раце, сам готвам, додава Медијан пред камерите на Срце на дланка.
Ова скромно момче нема големи желби и побарувања. Бара само да живее мирно, работа за скромна плата колку да преживее и да се прехрани, но, и да му припадне она што го пишува во тестаментот-станот да биде на негово име.
Никој да не го протерува од местото каде ги поминал најубавите моменти со неговата единствена мајка која ја сака најмногу од се на светот.
Доколку сакате да му помогнете на Медијан Веселовиќ, тоа можете да го направите на телефонскиот број 076 266 013 или на оваа жиро-сметка 200002573222685.