Мартина од Лисиче живее без струја: Синчето Михаил ми бара телевизор, интернет, како да му објаснам – тешко ми е

  • By klaster3
  • јули 17, 2022
  • 0
  • 783 Views

Мартина Ристовска Никодиновска живее во населба Лисиче, Скопје, а потекнува од Богомила, велешко. Детството го минува сиромашно, со двајца живи родители.

Основно училиште завршува во Богомила, а потоа средно се запишува во Скопје и живее кај баба и. Но еден не среќен ден пред 11 години добива вест дека нејзиниот татко паднал од орев и го изгубил животот.

– Штом завршив средно училиште, се преселив од Богомила во Скопје. Учев ветерина. Моите работеа земјоделие, береа печурки, ореви, грозје, копаа ниви.

Останав без татко, од тој ден мојот живот веќе се претвори во пе кол. Останував без пари, се трудев сама да заработам. Многу набрзо во училиште, дознав дека сум бо лна од епи лепсија и слабо срце, наследни бол ести од мојата мајка.

Се трудела и да работи во маркети за парче леб, но поради честите нап ади кои ги доживувала било на работното место, било во автобус морала да прекине, но и поради тоа што нема кој да го чува детето.

Животот на Мартина продолжува во Скопје. Таму ќе го запознае идниот сопруг Бобан кој има судбина слична на нејзината – ги нема најважните луѓе до себе, но се земаат и го добиваат синчето Михаил.

Сопругот работи за дневница непријавен, но често ова малдо семејство гладува и со денови. Хуманите соседи понекогаш знаатда им доненсат барем супа колку да јаде тригодишниот Михаил.

– Многу се сакаме, имаме убав живот, но, тој имал полошо детство и од моето. Родителите го напуштаат уште кога имал четири години, па до дванаесеттата година од животот го чувале баба му и дедо му.

Како тринаесет годишно момче, морал сам да заработува за живот. Собирал шишиња, се мачел, преживувал. Имаме едно синче. Убав ни е животот, со слога и разбирање, ама сиромаштијата не уништи.

Јас не можам да работам зашто сум бо лна, а Бобан работи во перална зема дневница 700 денари. Кога нема работа, оди кај луѓе сече дрва, собира шишиња, се снаоѓа, раскажува Мартина пред камерите на Срце на дланка.

Ова младо семејство со години живее без струја поради долгот од 100.000 денари а кој го наследуваат и од бабата и дедото на Бобан. Иако сопругот работи и се бо ри за дневница, за жал деновите им се често исполнети и без храна.

– Од старите останат е долг за струја, кој ние не успеавме да го намириме зашто се бор име за леб и веќе три години живееме без струја. Животот ни минува на свеќа, во темница.

Немам ни телевизор, ништо немам, ми бара телефон да гледа интернет, цртани, немам како да му обезбедам. Ж ал ми е за син ми Михаил, немам пари ниту да го запишам во градинка.

Најчесто бара гумени бонбони, сладолед сега, лубеница, сок обавезно а некогаш немам финансии да му купам. Најмногу би сакала струја да имам, не за мене, заради детето.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 076/933959 или на следната жиро-сметка 300007114556022

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.