Мартин од Некст Тајм: Можејќи тука во Македонија да си ги вртиме парите, ние со Србиве полниме концерти

  • By klaster3
  • април 27, 2022
  • 0
  • 377 Views

Музичкото дуо „Некст Тајм“ го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан Фулиповски кое во последно време е препознатливо по нивните етно преработки.

Стефан е водечкиот пејач во групата додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал. Групата ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во Москва, Русија.

Познати се како рок дуо, но кажаа како се насочиле кон ваков жанр и од каде дошла идејата да преработуваат народни песни.

– Се се случи онака спонтано затоа што јас искрено не сум се викал како пејач на народна музика. Секогаш сум учел од америчка музика, но никогаш не сум рекол знам да ја пеам Зајди, зајди, вели Стефан во Без компас.

Само по себе ми дојде за „Ја излези Ѓурго“. Нашата баба се викаше Ѓурга и како мали доста ја пеевме оваа песна пренесена од татко ми којшто живее во с. Жван, Демирхисарко. Ни ги пееше и „Слушам кај шумат шумите“ и Ѓурѓа.

Испадна дека во таа насока ке ни се движи кариерава. Ѓурга ни испадна доста успешна песна, можеби сите погледи ги насочивме кон оваа музика, објасни Стефан.

Мартин како продуцент се грижи за наоѓање средства да се реализираат вакви проекти, вели дека тешко се наоѓаат пари и мора да седнеш и да молиш некој од маркетинг за да даде.

– Во принцип, со кого и да збориш маркетинг од фирма во старт нема да помине, или директно збориш со тој што треба парите да ти ги даде или воопшто не збори.

Со какви фирми имаме работа во општеството, а на крајот на денот ќе видиш некој концерт од Србиве препуниле. А тука можеме да си ги вртиме парите, тој да ни ги даде нас да направиме добро дело за публиката и да се вратат парите пак назад во државата.

Лесно и е на Карлеуша – плати и пари, купи си скапа облека, дојди си го ла на настап, пет танчерки позади, светло ваму таму. Кај нас немаме од каде да почнеме, искрено заклучи Мартин.

Инаку, во „Кино Милениум“, после подолга пауза, дуото Некст Тајм ја промовираше обработката и видео-записот на народната песна „Кога падна на Пирина“.

Старата македонска песна ја опејува смр тта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан.

– Како тема за нас беше перфектна, имаме и други песни во албум за кои едноставно не можеш да направиш таков видео запис, вели Мартин.

Стефан и Мартин најавија дека ова е последен проект со преработки на стари македонски песни, по „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановска“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.