Марко Слаткар: Јас не сум повеќе истиот човек, дел од поранешните колеги не сакам ниту да ги видам

  • By klaster2
  • февруари 18, 2022
  • 0
  • 519 Views

Раперот Марко Маринковиќ, попознат како Слаткаристика со години важи за еден од најпознатите и најуспешни македонски рапери и хип хоп и поп изведувачи.

Тој и после долги години успева да го задржи нивото кое го постигна и ги полни клубови каде што настапува, а овој пат беше гостин во емисијата ,,Жешко Столче” каде што одговараше на ,,жешки” прашања.

– Преку песните го истерувам бе сот, го искажувам своето мислење секогаш дури и да бидам единствен помеѓу луѓето со такво мислење, вели Марко за ,,Жешко Столче”

На прашањето дали може да се врати стариот Слаткар и такви песни тој одговори: Јас мислам дека тоа што ќе го направиш утре е подобор од тоа од денес.

– И времето сакам да го вратам само кога ќе се погледнам во огледало и ќе си го погледнам стомакот, е тогаш го сакам стариот Слаткар, вели низ смеа Марко.

– Сега спремам нешто ново со Тони Зен, јас не можам да бидам стариот, сега твориме во нов правец, јас не сум повеќе истиот човек.

– Тоа што има големо влијание од српска музика овде не ни е никој вин овен освен самите ние, тоа значи дека не сме доволно добри, вели Слаткар.

– Треба да бидеш и доста храбар, и не можеш да се тркаш со некој кој има спот од 20.000 евра а ти имаш спот од 500 евра, заклучува тој.

– Генерално од македонската музичка сцена со сите сум океј, дечките од ,,Токсикологија” не сум ги видел одамна, дел ги гледам , но дел не сакам ниту да ги видам.

– Во животот ништо не сум добил џабе, и некоја работа ако не можам да си ја дозволам дупло не ја ниту купувам, не си дозволувам луксуз ако немам пари.

– Детето ми се качува на глава, треба да бидам по строг татко. Она кога ти кажат ,,Детето ти е живо” не бе другар детето е ,,Невоспитано” додава Марко низ смеа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.