Марина и Горан: Не јадеме секој ден, куќата во секој момент ќе падне

  • By klaster2
  • февруари 15, 2022
  • 0
  • 752 Views

Братот и сестрата, Марина и Горан Новковиќ живеат близу Врања во руинирана куќарка која во секој момент може да и падне над глава.

Живеат со примања од само 7.000 динари социјална помош. Често се гладни, заворавени од сите, психички и физички истрошени.

Често се гладни и не немат редовен оброк, за работа не се способни а и тоа малку што го знаат никој не и дава шанса да го покожат.

– Ја изгубивме мајка ни пред 20 дена, немаме ниту за храна, а куќата ни се распаѓа. нема каде да одиме, тоалетот е па друга приказна.

– Немаме ниту полски тоалет, и одиме во нивата по физиолошки потреби, во голема сиромаштија живееме и не знам уште колку така вели Горан.

– Да заврне посилен дожд или пак обилен снег веднаш ке протопи, па се молиме само тоа да не се случи едноставно во неизвесност си, додава тој.

– Не јадеме секој ден бидејќи немаме, кога има јадеме бидејќи парите што ги земаме не стигаат ниту за најосновното, велат едногласно тие.

– Во 21 век да живееш во вакви услови… Не знам што да кажам само ние си знаеме како ни е нам, додава сестрата на Горан, Марина.

– Верувајте веќе и физички и психички сме испразнети, волјата скоро и да ја нема, ова не е живот, одлучно вели Марина.

Приказната за ова семејство ја прошири хуманитарката Тамара Мисрилиќ која го посети семејството и му помогна во доменот на нејзините можности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.