Приказната за вредното момче Аднан Куралиќ од селото Тојшиќ, го воодушеви Балканот и наиде на многу позитивни рекации.
Имено, 13-годишниот Аднан го троши целиот свој џепарлак за да го прошири стадото овци, пишува Српскаинфо. Сега има околу 33 овци за кои секојдневно се грижи.
– Дедо ми, татко на мајка ми, еднаш ми даде 100 марки и си купив јагне за себе. И така, малку по малку, собрав пет-шест од тие една овца – изјави Аднан за Tatabrada.tv.
– И другиот дедо имаше овци и јас понекогаш ги чував кај него и како награда ми даваше јагниња. Кога здраствено не беше добар дедо ми, сакаше да ги продаде, и ми даде пари да не плачам.
– Дојдов дома и плачев и потоа дојдов и им ги фрлив тие пари: Џабе ви се парите, овците не ги давам. Сè моравме да ги продадеме, но потоа морав да одвојам и храна на телето.
– Повторно собрав пари и ме привлече желбата за овци. Купив три овци и малку по малку се јагнеа и сега ги има многу – вели тој.
Аднан откри и дека наоѓа време да си поигра покрај сите обврски, но му пречи што, како што вели, нема со кого да си игра.
– Сите се на тие телефони. Имам и јас телефон, не велам дека немам, но тие се зависни од тие телефони – низ смеа вели Аднан.
Аднан искрено одговори и на прашањето за училиштето: Па, да речеме, не е најдобро, и не е најлошо – вели Аднан и на крајот ги поздравил сите свои наставници и класниот раководител.
„Најсилната репортажа на YouTube. Малиот не да е допадлив и мноуг паметен, туку е пресимпатичен и вистински мал мудрец.
,, Не се сеќавам дека сум гледал нешто посимпатично “,” Драго дете, честитки. Вие сте пример за многу постари млади мажи.
,, Блажена е мајката што те родила “, Секоја чест, Аднан! Слободно, зборливо и многу паметно момче. „Господ ви дал здравје, убавина и успешен живот“, се само дел од коментарите, пренесуваат соседните медиуми.