Македонците од Лондон се обединија и направија голем потег за чичко Ѕвонко од делчевско

  • By admin
  • август 14, 2021
  • 0
  • 2398 Views

Веруваме многумина од вас слушнаа за 58-годишниот Ѕвонко кој по пожарите кои го зафатија Нов Истевник остана без дом која целосно отиде.

Тој за медиумите изјави дека ноќите ги поминува под оревот, недалеку од неговата куќа. Притоа кажа дека селото два месеци нема вода, а сега е и без струја.

Има само сестра во Србија која не знаела дека нејзиниот брат е без куќа.

По објавување на оваа сторија многумина наши сограѓани, но и оние во дијаспората се обединија и се организираат со цел да помогнат.

Отец Оливер Петровски пред неколку дена во групата на Хуманитарната организација Свети Спас сподели објава во која што вели:

Денес, заедно со отец Виктор Стојчев од МПЦО “Св. Арх. Михаил” од Лондон, го посетивме Делчево каде што се сретнавме со претставникот на општината, братот Игор, со кого разговаравме за случајот на Звонко од Нов Иственик на кого во огнената стихија му из горе домот.

Со претставникот на општината се договоривме заеднички да му помогнеме на Звонко во изградба на нов дом, по што заедно отидовме во стовариштето Оки Пром каде отец Виктор уплати 58.000 денари за градежни материјали, средства кои ги собраа нашите браќа и сестри од Лондон.

Верувам дека домот на нашиот брат Звонко, со заеднички сили, многу наскоро ќе биде изграден и тој ќе се врати во својот дом.
Потоа имавме средба со градоначалникот на општина Берово, г-дин Звонко Пекевски со кого разговаравме за актуелната состојба при што ја понудивме нашата помош, во склоп на нашите можности.

Благодарност до нашите браќа и сестри од Лондон кои несебично и веднаш одговорија на нашиот повик за помош на братот Звонко.Бог да ве благослови сите!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.