Македонските пејачи бараат да бидат откажани сите настапи на нивните странски колеги во нашата држава

  • By admin
  • јули 26, 2021
  • 0
  • 3158 Views

Како што може да забележиме, периодот во Македонија, особено викендов дискотеките и ноќните клубови се полнат со настапи на странски пејачи, пред се од соседна Србија.

Поради тоа Здружение на естрадни уметници на Македонија излезе со соопштени.

Откажување на настапите на сите музички ѕвезди од странство, кои по разлабавувањето на мерките за заштита од вирусот се редовни гости кај нас, бараат од Здружение на естрадни уметници на Македонија.

Од раководството на ЗЕУМ за ,,Фокус” раскажуваат дека додека во соседните земји се откажуваат настапите на музичарите и се зајакнуваат мерките бидејќи пандемијата забрзано се шири, посебно на такви, поголеми собири, не е во ред ние, како што велат, да ги прибираме, и со тоа да си дадеме автогол.

Бараат поддршка од власта, но и од сопствениците на локали, како и од граѓаните, да покажат совесност и да не ги иницираат и поддржуваат овие настани, поради здравствен аспект, но и поради финансиски, бидејќи парата, наместо да се врти дома, се излевала надвор од земјава.

-Ние, како раководство на Естрадата на Македонија бараме да се откажат сите гостувања на странски музички изведувачи! Бараме поддршка и од властите за ова барање бидејќи сметаме дека е потребен ваков чекор од повеќе аспекти -морален, здравствен аспект и економски.

Навистина не гледаме логика во гостувањата на странски, а најмногу балкански пејачи во ваков период, кога нашите македонски пејачи и групи со нетрпение чекаа да се отвори можност за настапување.

Пред се да ја обноват конекцијата со македонскиот народ, да се вратат во функција, бидејќи е изгубен и континуитетот, а со тоа и капацитетот на работа, а нормално и од финансиски причини- во име на музичарите од земјава раскажува претседателот на ЗЕУМ, Горјан Стојановски.

Додава дека и при последниот бран на корона вирусот, имавме слично сценарио, кога во Македонија гостуваа голем број на регионални пејачи, а сцени на кои се гледаше непочитување на мерките се објавуваа на социјалните мрежи.

Потсетува дека токму поради овие настани, порано од очекуваното била донесена забраната за жива музика, на штета на домашните изведувачи.

-Во време кога нашите соседи им ги откажуваат настаните на познатите балкански ѕвезди, бидејќи пандемијата се шири забрзано токму на нивните забави, навистина не е во ред ние да ги прибираме и да си дадеме автогол како што се случи и минатиот пат, кога порано од очекуваното се воведе забрана за настапи токму поради забавите организирани од приватни локали со балкански изведувачи и без почитување на било какви протоколи.

-Можеби некој ќе каже дека овие ѕвезди се поголеми и позабавни од нашите, со што секако, не би се согласиле, бидејќи ние и тоа како располагаме со добри пејачи и прекрасна македонска музика од сите жанрови, кои апсолутно може да ги задоволат потребите и на публиката која сака да се забавува по локали, но и на онаа која сака да ужива на целовечерни концерти.

Знаете, ние сме чуден народ, туѓото и да е лошо го цениме, а нашето и да е и добро и лошо, пак не чини. Треба да се научиме да уживаме во нашите убавини и да ја изгубиме навиката за исполнување на потребите со надворешни фактори.

Целата сторија може да ја проследите на Фокус.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.