Македонските иселници во Италија имаат барање за авиокомпанијата Визер

  • By admin
  • јуни 14, 2022
  • 0
  • 587 Views

Општо познато е дека македонската дијаспора ширум светот, а особено во западна Европа е мошне голема, а истата од година во година дополнително расте.

Една од најомилените дестинации за иселување на Македонците секако е Италија, особено во северниот дел од оваа држава.

Ова го покажуваат и официјалните бројки на тамошните, италијански власти кога станува збор за присуството на македонски граѓани на нивна територија.

Според ИСТАТ (Италијански национален институт за статистика) од податоците од 2019 година, може да се види дека Македонците се втори по бројност во Италија.

На првото место е Албанија со 441.027 иселеници во Италија, потоа Македонија со 63.561 лице, Косово со 40.508, Србија со 38.443, Босна и Херцеговина со 24.399, Хрватска со 17.472 и Црна Гора со 2.031 лице.

Џемаил Чупи, министерот задолжен за дијаспора за време на престојот во Италија оствари средба со претставници на дијаспората од нашата земја организирана во активни здруженија, на која од нивна страна беше побарано да се воспостави нова авионска линија на релација Тревизо-Охрид.

Како што соопштија од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, врз основа на потребите на нашите иселеници и врз основа на договорот за финансиска поддршка меѓу нашата држава и компанијата „Виз Ер”” реализиран во 2019 година за осум авионски линии, Чупи испратил барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за отворање на дополнителна авионска линија на релација Тревизо-Охрид.

Во градот Тревизо, односно во регионот на Венето, живеат и работат околу 25.000 граѓани од Македонија, од кои половината се од југозападниот регион – Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, вклучително и општина Маврово-Ростуше

Најавата за ова наиде на позитивни коментари од нашите иселеници, според кои ова го бараат десет години, а првпат некој македонски функционер тоа јавно го објавува. Очекуваат и дека барањето ќе биде исполнето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.