Треба да се обратите до Службите за општи и заеднички работи до директорот Пеце Мирчевски, кој што е компетентен за тоа.
Не го знам ценовникот, скромно е менито, но знам дека е евтино во собраниското и владиното бифе, но треба да се обратите до СОЗР, рече првиот заменик на премиерот, Артан Груби, одговарајќи на прашањето зошто се толку евтини цените на оброците и јадењата на владиното мени.
На прашањето како го коментира фактот дека литар зејтин е 100 до 105 денари, а бифтек во владиното бифе е 180 денари, Груби вели дека не може да одговори на тоа затоа што не е компетентен.
Тој додаде дека намалувањето на цените на основните продукти ќе се одрази во потрошувачката кошничка на граѓаните.
-Станавме пример во однос на антикризните мерки. Во Косово се бара да се копираат нашите мерки. Македонија е пример за сите во Западен Балкан.
Апсолутно нема да биде поштеден ниту еден трговец, информира Груби во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече дека често се разговара за платите за министрите и пратениците кои не се пораснати одамна.
– Многу се помали од директорите на претпријатија и јавниот сектор. Мојата плата е 70 000 денари и во животот не сум работел за помала плата кога сум работел во приватниот сектор и ова ми е најмала плата откако сум во политиката.
Минималната плата ја покачивме на 18 000 денари., ги покачивме и пензиите. Покажуваме грижа за граѓаните оваа влада докажа дека е способна да се справи и да менаџира со кри зата.
Министер во Македонија зема најамлна плата во целиот регион.Зошто треба намалување на платите на функциионерите? Ова е површен начин за забавување на јавноста. Ако има потреба, ќе ги скратиме платите. – рече Груби.