Македонската пејачка порача: За балаканските пејачи Македонија им е исто како Австралија

  • By admin
  • јули 1, 2022
  • 0
  • 475 Views

Елена Петреска важи за една од плејата успешни пејачки која години наназад опстојува на нашата музичка сцена.

Кариерата ја започнала со пеење на детски фестивали и продолжила со студиите на Музичката академија во Скопје.

Елена завршила на петтото место со 67 бода на Скопскиот фестивал 2007 (македонски избор на Евровизија) со песната „Пеам“. На црногорскиот фестивал, Будва 2007, Петреска го освоила деветтото место со песната „Кад Лептир Слети“.

Таа е вработена во Националната опера и балет како дел од хорот, и иако не го исполнија сонот на нејзината мајка да стане оперска пејачка, таа е среќна во средината во којашто работи.

Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот.

На приватен план пак Елена Петреска вреди дасе каже дека во брак со Андреј Толевски, мајка на Михаел и на Софија

Во последно време многу наши музичари го кренаа гласот против газдите на локали и организатори на концерти поради тоа штог и фаворизираат гостите од странство, пред се од соседството.

На оваа тема имаше што да каже и самата Петреска која во интервју за Фокус меѓудругото кажа:

„Немам ништо против колегите од соседните држави, но факт е дека Македонија за нив е исто што и Австралија за нашите пејачи. Тука ги заработуваат најголемите хонорари“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.