Македонската барбика се налути на медиумите па јасно кажа што мисли за Гавазова и Велевска

  • By admin
  • април 24, 2021
  • 0
  • 1613 Views

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, попозната како Сања- Барбика важи за една од најубавите и најзгодните на македонската музичка сцена.

Како и сите други музичари, така и таа периодов е без ангажмани и со нетрпение го чека моментот кога ќе може повторно да се врати на сцена.

Македонската барбика, како што е позната кај многумина се огласи на социјалните мрежи и преку својот профил на фејсбуку порача:

Јас Сања Цинцева, јавно изјавувам дека немам ништо против моите колешки Сузана Гавазова и Елена Велевска.

Наша меѓусебна шала е извадена од контекст и пласирана по медиумите за да бидат читани. Од секогаш сме биле во добри односи и така ќе остане.

Јас не сум таа што можам да тврдам кој на кое место на скалата е, туку нашата публика и слушатели, но ако лично мене ме прашувате таква скала не постои, сите ние сме еднакви.

А што се однесува за односот мој со колешката Сања Сани Гроздановска, точно е дека во минатото имало недоразбирање и медиумско препу кување, но преку наш заеднички разговор на некој начин ги смиривме “страстите” и ги надминавме недоразбирањата.

Тоа што било во минатото, таму и ќе остани. Сепак сме колешки и водиме јавен живот, не ни доликува јавно да се прово цираме и навредуваме.

Сите знаеме дека нашата професија поради Корона вирусот е на пауза, па медиумите кои ја следат естрадата од недоволен материјал за објавување, бараа некој пров окативни теми.

Но еве јас ќе им најавам бо мба, односно теми за пишување, а тоа се моите нови проекти преточени во нови песни, следете ме и ќе има што да гледате, слушате и пишувате. Ве сака Вашата Сања Барби Цинцева

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.