Ленче откако се врати во татковината: Мажот ми нека работи во Германија, мене ми е досадно горе

  • By klaster3
  • август 15, 2022
  • 0
  • 489 Views

Од година во година се поголем е бројот на семејства кои се решаваат да ги остават домот и работите овде и да заминат да живеат во странство.

Традиционално, западноевропските земји се главни дестинации кога станува збор за иселувањето, па така голем број македонски семејства се селат во Германија, Австрија, Швајцарија..

Најголем дел од нив не се враќаат воопшто откако ќе споредат дека таму животот им е поубав, но има и поединци кои дали од неработливост, дали од напорната работа, одлучуваат да се вратат во Македонија.

Меѓу нив е и Ленче К. која заедно со сопругот и детето заминала да живее во Германија, но нејзината причина за да се врати дома е сосем поинаква.

„Кога сопругот ми рече да се селиме сите тројца во Германија јас нормално се противев иако и двајцата имаме бугарски пасоши. Детето ми беше 4 години, само што почна да оди во градинка да се одвојува од мене и сега пак да му правам промена.

Ама ајде се договоривме, замина прво тој се снајде после неколку месеци се среди, па ние со синот отидовме. И таму животот не е воопшто лесен нека не ве лажат.

Едвај го решивме станбеното прашање, само тој одеше на работа јас седев дома и го чував детето. Добро е што земаше поголема плата па немаше потреба да работам.

Неочекувано останав пак бремена, мажот ми не издржуваше сите. Се тешев дека кога ќе го родам детето ќе земам некоја помош од државата.

Бидна што бидна, си го родив и второто дете земав некој додаток месечно и фала му на Бога ништо не ми недостасуваше. Арно ама, да си врзан дома цело време со деца, да не можеш на раат да излезеш во парк, е тоа не го издржав.

Се знаеше кај нас долу, имаш сосетки, пријателки си одевме на кафе, се шетавме.. Тоа таму во Германија не е живот. Ако одам во маркет некогаш или на пазар и толку друго излегување нема.

Сопругот цело време на работа а кога е дома е уморен, со две мали деца тешко е да го натераш да шета и така си одлучив си се вратив со децата во Македонија.

И така ништо не работев седев по цел ден таму, барем тука ќе седам и нема да ми требаат толку пари за трошоци како таму. Тој нека си работи ако му е убаво, нека праќа пари.

Мене ми е досадно горе во Германија, кој сака отворен му е патот нека си оди нека работи од утро до вечер на сметка на социјалниот живот“, пишува нашата читателка.

Автор: А.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде преземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.