Весна Трпеска од Гостивар имала нe убав детство, таа е мајка на деветгодишно дете. Судбината што некогаш таа ја имала денес ја живее нејзината ќерка Лена.
Пред нејзини очи од овој свет заминува татко и при што Лена се здобива со не пријатни сеќавања, а нејзината мајка апелира да и се помогне да го израсне своето дете и да му пружи соодветен третман.
Судбината на ова семејство е не убава и Весна испратила многу блиски луѓе, но зошто судбината и на нејзината ќерка да е таква, и да биде со празен стомак.
Весна е по потекло од Кичево, израснала без мајка и во голема сиромаштија, уште од мала работела со доби ток и земјоделие да му помогне на својот самохран татко.
– Израсната сум без мајка, мајка ми повеќе фали од татко ми, ете тој ме израсна и ме школува со една минимална плата, вели Весна за ,,Срце на Дланка,,
– Со сопругот се запознавме во Кичево, тој беше таксист и кога се зедовме,не видовме некој добар живот, со една минимална плата тоа е.
– Сето ова што го гледате е останато од свекорот, многу тешко се живее со социјална помош, но ајде еве со сопругот како така врзувавме крај со крај но сега.
Но пред една година сосема ненадејно Велко заминува од овој свет пред очите на своето дете. Таа пак од тоа добива шеќер и неможе убаво да зборува.
– Многу е тешко да се остане без сопург на млади години, се се случи пред наши очи, девојчето ме погледна и ми рече како сега сите ќе имат татко а јас не, вели во солзи Весна.
– Го изгубив сопругот, бол еше многу, но сега и синот, ова е премногу за мене, цело време кога ќе седнеме да јадеме го гледам дали ќе дојде и ќе седне, вели баба Ленка.
– Седнеме да јадеме, ми вели бабо стави тацна за татко ми, зема некоја тетратка вели бабо ова тато ми го купи, потоа ќе види велосипед возат другарите, и ќе рече бабо сите имаат велосипед јас не, ми се кши срцето, вели во солзи баба Ленка.
Весна иако има 45 години, вели се чуствува многу постаро, а случувањата во нејзиниот живот допринеле за многу бол ести кој ја преземале во последниот период.
– Често сме гладни, кога ќе се потроши социјалното, а девојчето си бара, еве доаѓа зимо, а треба јакна, чизми, немам од каде да му дадам.
– Да беше сопругот жив јас немаше да се обратам во јавноста, ќе беше друго кога нема машка рака во куќата така е. Тече од сите страни и се рас паѓа.
– Закпав 4-5 блиски луѓе, свекор, сестри, тетка сега и сопругот, веќе долги години сум завиеан во црило, вели оваа храбра жена.
– Бањата е во ло ши услови би сакала таа да се реновира да има основни услови за хигиена, прозорците исто така дува од сите страни, детето ми вели „Ладно ми е многу“ што да направам вели во солзи, Весна.
– Би сакала да имам детска соба, и барем чизми и јакна, исто така да јадам хамбургер, последен пат јадев кога тато беше жив, вели малата Лена.
– Моите другарки имаат телефон но јас не, вели ова скромно девојче кое за нејзините години видело многу не пријатни сцени и многу случки во животот.
Доколку сакате да и помогнете на малата Лена да си ги оствари своите скромни соништа и да помогнете на нејзиниото семејство тоа може да го сторите на бројот 078562116 или на трансакциската сметка во продолжение.
Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на Кластер.мк