Лејла Ќоровиќ и нејзиниот сопруг, кои живеат и работат во Јужна Каролина, САД, им поделиле пари наменети за нивната свадбена веселба на сиромашните семејства во нивната татковина.
„Како одминуваше времето, размислувавме и за тоа како, каде и кога да направиме свадба, што е донекаде вообичаено. Од друга страна, во текот на овој процес имавме можност да видиме некои семејства кои тешко минуваат низ животот поради невработеноста.
,, Пандемијата допринесе за многу голема сиромаштија, зимата чука на прагот на сите куќи а не секој може да се згрее, и тоа многу не замисли и се одлучивме на овој чекор, напиша Лејла на Инстаграм
Таа и нејзиниот сопруг, како што вели, сфатиле дека размислуваат за луксуз во Америка, додека некои луѓе на Балканот немаат пари за основни прехранбени производи.
Сакала голема свадба на брод, но се откажала од таквиот луксуз. Нејзиниот сопруг сакал само ручек со најблиските. Лејла за ,,24седам” изјави дека нејзините роднини во татковината им помогнале парите да дојдат во вистински раце.
„Најмногу ни помогна семејството со информации за тоа кој тешко живее и кому му е потребна помош. Се обидоа парите да ги предадат директно на тие што е неопходно.
,, Имаше многу семејства кој се без еден родители, па тие беа приоритет и сакавме на тие најмногу да помогнеме, додава таа.
“Моето срце е полно и среќна сум што јас и мојот сопруг можеме да помогнеме. Душата навистина се храни кога им помагаме на другите. Така и самите растеме”, заклучила таа.
Лејла дипломирала на Факултетот за туризам во Подгорица. Таа потоа се преселила во Америка. Таа денеска заедно со сопругот води фирма која се занимава со реновирање и адаптација на куќи и други објекти.
Лејла пред две години ја освои титулата за најубава Европејка на изборот за Miss Fashion Global во Флорида. Таа беше прогласена и за најубава девојка во Јужна Каролина.