Латас откри како баба му му го спасила животот откако се направил флека од пиење

  • By klaster3
  • октомври 31, 2022
  • 0
  • 312 Views

Драган Павловиќ Латас е добро познато и препознатливо лице од ТВ екраните кој новинарската кариера ја започнува во далечната 1980та.

Тој е главен и одговорен уредник на телевизија Сител од 1997 година и на дневниот весник „Вечер“ во периодот 2006–2012.

Работел во неделникот „Фокус“ извесен период по неговото основање во 1995. Завршил економски науки на универзитетот во Белград, а има дипломирано и политички науки на универзитетот ФОН во Скопје во 2005. Магистрирал и докторирал на Европскиот универзитет во Скопје, каде работи како професор од 2012 г.

Новинарот беше гостин во забавната емисија Нешто конкретно со Снеже Велков каде ги коментираше односите помеѓу снаа свекрва, зет со баба и дедо и слично, па си раскажа и случки од неговиот живот.

„Мојот зет е од нашава бранша. Продуцент е и работи со Милчо Манчевски со некои други познати режисери од Македонија и странство. Брзо се разбираме бидејќи сме од слична професија.

Заедно оговараме, заедно збориме за филмови, за работа, заедно загледуваме млади плавуши, не гледам зошто не би било тоа и така“, објаснува Латас.

Новинарот се присети и на еден впечатлив момент од неговата младост кога до толку се опил што не можел да излезе од автомобилот и да влезе внатре, па сподели како течело спасувањето.

„Имам најдобра баба на свет, ме хранела ме трпела ме издржавала. на некои 30тина години бевме во маврово и јас сум се напил флека.

До толку да не можев да се качам во Маврово. Доле има кога паркираш 6 – 7 скали и не можев да се качам а -20 беше надвор.

Внатре беа жена ми, ќерка ми, дедото и бабата. Јас трубам сигурно едно 5 минути, не можам да искочам, ќе се смрзнам внатре, а пијан до толку.

Единствена која се симна беше баба ми со спавача. Се спушти, ја отвори вратата ме фати под рака, ме легна. Преживеав благодарејќи на неа, не се симна никој. Не само што не ми забележала туку се погрижи да се опоравам побрзо.

Не се опивам току често во живот, не правам на силства ама памтам, ова особено зашто после 3 4 минути ја фати па ника надвор – 20“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.