Ламбе Алабаковски проговори за своите деца: Сакавме да ни растат тука, да ни израснат во оваа средина

  • By admin
  • март 18, 2022
  • 0
  • 578 Views

По неколку години апстиненција од медиумите, Ламбе Алабаковски периодов повторно е актуелен откако пред месец дена реши да се врати во Америка и да остане во Македонија.

– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морава тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и придодаде:

– Еве после шест години се вратви овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.

– Овде би сакал да работам со музика, да направам некој нови песни. Голема желба ми е да снимам преработки па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

– Покрај се друго ќе се занимавам и со музика. Можеби и тој материјал што ми остана од пред шест години ќе се најде во новиот албум.

Како што е познато Ламбе има две деца, поточно два сина. Поголемит Михаил и помалиот Димитриј кој наскоро ќе полни 2 години.

Ламбе утово гостуваше во утринската програма на Сител ТВ во емисијата Шоу Магазин каде што се осврна токму и на нив.

„Откако сум во Македонија сега се чувстувам како никогаш да не сум бил надвор. Убаво ми е, дома си е дома е точнаа таа изрека. Нема место како што си дома, каде што си израснал.

Ние цело време размислуваме да си дојдеме дома, потоа фати ова вирусот, па не можеше да се патува и се одложи за 2 години.

Фамилијата, односно семејството откај сопругата се вратија тука, па одлучивме да смее заедно и да се вративме. Искрено сакавме и децата да ни растат тука, да ни израснат во оваа средина.

Јас ја имав повеќе таа желба, сакавме едноставно да имат детство како што сме имале ние. Таму е позатворен систем на живеење, поинаков од тука.

Помалиот син игра, сака музика, а поголемиот гледам дека има слух. Па ќе видиме ако има афенитети, желби за музика зошто да не.

Јас би сака од оваа година да го запишам на музичко училиште. Па барем ако не се занимава со музиак да знае клавир да свири. Гледам дека има слух, но тоа не се знае никогаш дали ќе има желба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.