Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.
Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.
Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.
Тој е горд татко на три деца, двете ќерки, Македонка и Викторија и синот Александар. Едната ќерка, Македонка со својот сопруг и детето живеат во Германија, додека Викторија е архитект по професија.
Бараков вели дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Струмица. „Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.
По многу години дел од овие актери се обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.
Бараков е доста активен на социјалните мрежи, особено на фејсбук, каде што споделува фотографии или поучни статуси, но често се потсетува на убавите дамнешни времиња поминати со неговите колеги.
Така беше и овојпат кога сподели еден спомен со легендарниот Ѓроги Колозв, а во објавата стои:
Со Колозов имавме големи планови за во иднина… ама да не се враќаме назад, да не си скориваме јадови…неговото заминување е наша национална загуба и празнина која со ништо не се потполнува – Лазар Бараков!