Купил авион, го сместил во шумата и се вселил во него

  • By klaster2
  • февруари 6, 2022
  • 0
  • 414 Views

Брус Кембел (70) од Хилсборо, град во Орегон, купил трупот на авион во 1999 година, кој бил повлечен од употреба и го претворил во необична куќа, која ја поставил во шумата.

На тој потег тогаш се одлучил бидејќи не сакал да падне под хипотеки. Имено, тој купил авион за 100.000 долари – пишува ,,Ноткест”

Тој veli дека инвестирал уште 100.000 долари за да го влече авионот во шумата и уште 15.000 долари за да го обнови истиот.

Брус денес има 70 години и живее во Хилсборо, кој е петти по големина град во американската сојузна држава Орегон, која се граничи со областа Портланд.

– Моите родители беа офицери на воздухопловството, а јас се родив набргу по немилите настани, а во младоста секогаш живеев во близина на воздухопловните бази.

– Така секогаш гледав млазни авиони кои тренираат над мојата глава и така решив да станам пилот. Бев само приватен пилот, на некој помали дестинации.

– Инаку, јас сум инженер по професија, а концептот за куќа во авион еволуираше од природата на мојот живот. Не е толку тоа што бев љубител на авиони, туку дека тие се дел од мојот живот – одговори Кембел на прашањето како дошло до идејата да се пресели во авион.

– Бидејќи бевме дел од воздухопловните сили, патувавме од база до база, бидејќи офицерите беа обучени за различна опрема и работеа во различни бази.

Идејата за живот во авион се роди сосема природно: Не сакав да се женам, не сакав деца и такви слични работи. Сакав да ги имам моите работи на едно место, за да можам да патувам низ светот без секогаш да ги пакувам куферите.

– Затоа решив да купам евтин имот и знаев дека можам да го платам. Во тоа време станав поискусен инженер и постојано се прашував: ‚Кој е најдобриот материјал и технологија на производство што можам да ги купам со свои пари?

И тој едноставно заклучил дека нема споредба на перформансите меѓу обичен дом и авион. Навистина е така, авионот може да биде совршен дом – објаснува тој.

Неговиот дом моментално е Боинг 727-200. Ова е авионот во кој за последен пат летал грчкиот бродар и милијардер Аристотел Оназис.

Како што и самиот вели, со оглед на тоа што е сè уште самец, не се замарал премногу за уредување на одредени делови од авионот во посебни простории.

– Има многу флексибилност овде во Орегон. Тоа е отворена кабина, а поголемиот дел од мојот живот се одвива во задниот дел на авионот. Претстои и многу реставраторски работи, бидејќи тој авион ќе трае подолго од мене. За мене тоа е животен потфат – додава тој.

Вели дека случајно станал икона на оние кои денес се обидуваат да живеат алтернативен начин на живот, бидејќи тоа никогаш не му била главна цел.

– Ги почитувам оние кои сега градат мали домови, или истражуваат алтернативни начини на живот. И секако ги разбирам причините. Целта е да останете слободни, за да не бидете заро бени во домовите.

– Нашите животи се кратки и важно е да останеме флексибилни, барем мене така ми изгледа. Мојата филозофија е дека не сакам да бидам зафатен и со обврски, бидејќи тогаш можностите во животот се многу ограничени.

Тој додава дека го забавува тоа што откако го открија медиумите стана популарен и многу луѓе го посетуваат: Од некои научив многу, а често се смеам кога ме прашуваат дали мојот авион е штотуку ур нат овде во планината.

– Многу луѓе се изненадени кога ќе кажам дека сум го купил авионот и уредував доживотно, им изгледа чудно и доста невообичајно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.