Кристина до Д-р Вело: Си живееше еднаш еден Вело, сакаше да едуцира население цело

  • By admin
  • февруари 1, 2022
  • 0
  • 662 Views

Инфектологот Вело Марковски иако долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија на македонската јавност и стана познат по своите забележителни и настапи во медиумите, особено на ТВ, со своите излагања, видувања, стручни анализи, препораки по појавата на вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава.

Некои од неговите ставови кои беа спротивни на оние што ги пласираше власта, беа поприлично коментирани од еден дел на јавноста и стручното мислење, но повеќето од нив всушност беа точни.

Но во последно време Марковски речиси и да го снема во јавноста, како свесно да се повлече и неговите излагања во јавноста беа многу ретки.

Деновиве повторно стана актуелен откако новиот министер за здравство Беким Сали го повика да членува во комисијата за заразни болести, но тој одби.

Професорот доктор Вело Марковски се огласи вечерва на својот профил на фејсбук каде што сподели посвета и притоа напиша:

Барем некого го инспирирам. Ти благодарам Кристина. Песна за Вело

Си живеепе еднаш еден Вело, сакаше да едуцира население цело. Да веруваат во имунитетот, да не стра вуваат, во Корона вртлогот да не се заглавуват.

А народот негов изм ачен со камења почна да го ма ва, зошто веќе медиумите му имааа наполнето глава

Вело се стиши и резултатите да говорат чекаше со трпение свето, зошто од дно да го кренеш својот народ
не можеш за едно лето. Автор: Кристина Илиевска

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.