Конечно убава вест за фановите на Џамбазов: Игор реши дека е време за камбек кон својата стара љубов

  • By admin
  • ноември 16, 2021
  • 0
  • 469 Views

Загадувањето на воздухот, див ите депонии, климатските проблеми, но и чекорите што треба да ги преземеме за да ги ублажиме овие големи проблеми за човештвото, ќе бидат во фокусот на новото еколошко шоу „Агенда 21“ кое ќе се прикажува секоја сабота на телевизијата Телма.

Премиерното прикажување е закажано за оваа сабота (20 ноември) од 20 часот, а репризите се во недела.

Водители на „Агенда 21“ се познатите актери Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, придружувани од младите актери Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова.

Искусните водители на интересен и забавен начин ќе презентираат факти, ќе разменуваат мислења со своите млади колеги за најгорливите еколошки теми и заеднички ќе трагаат по најсоодветни решенија за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и уни штувањето на природата од страна на човекот.

Идејата шоуто е да ги едуцира гледачите за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, како и да даде насоки за тоа што можеме сите заедно да направиме за повеќе да се грижиме за природата како индивидуи, но и од страна на институциите и компаниите.

– Направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Секоја епизода од „Агенда 21“ е тематска.

Во првата епизода темата е загадениот воздух и дивите депонии, истражувавме многу, собравме податоци од различни извори и излеговме на терен каде снимивме голем број диви депонии низ земјава.

Не постои суштество на планетата кое повеќе може да ја загади од човекот. И не треба да замижуваме пред тоа, туку да се занимаваме интензивно со оваа тема ако сакаме да имаме здрав живот и здрави генерации – истакна Весна Петрушевска во гостувањето на Утринската програма на Телма.

Еколошкото шоу „Агенда 21“ е во продукција на КМК, од каде истакнуваат дека овој проект го подготвувале две години, свесни за големата тежина на темите кои ги обработува.

– Откако започнавме да снимаме во градовите и селата, воочивме дека грижата за животната средина ни е на ниско ниво.

Навистина е загр ижувачки да гледате депонии големи колку цели села, а истите тие се “комшии“ на нашите урбани и рурални општини. За жал сето тоа ние како граѓани го “консумираме“ преку воздухот и почвата.

Треба да преземеме акција уште денеска – потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

Секако враќањето на Игор Џамбазов на малите екрани како водител е убава вест за неговите фанови кои беа навикнати да го гледаат во минатото и очекуваа негово враќање кон неговата стара љубов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.