Во спортска салата „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинацијата на новинарите и на медиумските работници.
Се вакцинираат оние новинари кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација.
Поточно, опфатени се вкупно 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заб олувања.
Според Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), сите 631 новинари и медиумски работници имаат добиено информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси.
-Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.
Истото важи и за сите оние кои се пријавија по истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата, велат од ЗНМ.
Денеска доаѓаат 2000 вакцини во нашата земја. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.
Станува збор за кинеските вакцини кои веќе неколку месеци се толку најавувани од надлежните.
„Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2000 кинески вакцини. Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на скопскиот аеродром“, рече Филипче.