Конечно: Грција дозволи влез на Македонци на нејзина територија

  • By admin
  • март 22, 2021
  • 0
  • 1980 Views

Откако многу мал број приватни лекари доброволно се пријавија да го зајакнат националниот здравствен систем во Грција и да помогнат во битката со Ковид-19, Министерството за здравство одлучи да мобилизира 206 приватни пулмолози, патолози и општи лекари во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Министерот за здравство Василис Кикиљас и претседателот на Лекарската комора од Атина Јоргос Патулис на 10 март упатија повик до приватните лекари да се вклучат во битката, една седмица подоцна, односно во средата, Кикиљас им даде рок од 48 часа доброволно да се пријават, но откако немаше доволен интерес, утрово беше соопштена мобилизацијата.

Под специјални протоколи и правила, фризерските и козметичките салони, како и археолошките локалитети во Грција денеска почнуваат со работа, иако во земјата сѐ уште е во тек третиот бран од панд емијата, со зголемен број новозаразени и речиси исполнети болници.

Грција ги укина ограничувањата за патниците од летовите од Македонија, Турција, Албанија, кои до сега беа на си ла а поради спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти денеска институцијата за цивилно воздухопловство (ИПА).

Како што јавува Ројтерс, сите патници од странство ќе треба да покажат дека имаат негативен тест за Ковид-19, направен во рок од 72 часа пред нивното пристигнување, соопшти ИПА.

Тие исто така ќе мора да бидат во карантин дома или во нивното место на престој седум дена.

ИПА исто така го зголеми лимитот за посетители од Русија, на 4.000 неделно од 500 претходно, со дозволени летови до аеродромите во Атина, Солун и Ираклион на Крит.

Додека патниците од Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати ќе подлежат на задолжителен брз тест на вирусот по пристигнувањето во Грција, додава власта. Оние што доаѓаат од Британија ќе треба да направат уште еден тест откако ќе им истече седумдневниот карантин.

Случајно тестирање ќе се спроведе и на пристигнатите патници. Доколку патниците имаат позитивен тест, нивниот карантин ќе се продолжи на 14 дена.

Грција следните недела ќе укине некои ограничувања за заклучување од вирусот како дел од планот за постепено повторно отворање на економијата, дури и кога нејзините болници остануваат под притисок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.