Коки по заминувањето на Дуле откри зошто морал да продолжи со музика

  • By klaster2
  • декември 6, 2021
  • 0
  • 356 Views

Гостин во емисијата ,,Мастраф Муабет”, човекот кој беше дел од незаборавното музичко дуо „Дуле и Коки“ , Никола Јанков Коки кој заедно со екипата се прошетаа во родниот Штип, на места каде се случиле многу интересни работи за Коки.

Говорше за дружбата и настапите со упок оениот Дуле, за првата љубов, дружбите, интересни сегменти од животот како и за сегашноста.

– Дуле беше фронтмен на групата, него прв му пријдуваа, но секако и јас чепнував нешто во тие интересни години, вели за почеток Коки.

– За мене периодот во пандемијата донесе и убави работи. Почесто се враќам во Штип, заедно со Ивица од ,,Тајфата” купивме една ливида, направивме една викендица и таму се дружиме, твориме но и садиме нешто.

– И покрај новите песни, народот ги бара старите песни кој значат многу како ,, Виолина и Гитара”, ,,Калдрма” и слично.

– Јас предавав на универзитетот ,,Гоце Делчев,, кога се отвори три години, потоа се префрлив во средно улилиште, а од таму во Скопје, вели Коки.

– Денот го започнувам со овошје, кафе не пијам, не ми годи, еве сега во последен период има безкофеинско кафе па тоа го пијам но ретко.

– Има една интересна приказназа песната ,,Колку треба да се плати” и за нејзиното настанување. Ние бевме ,,велни подстанари” и често се селевме.

– Па така еднаш случјано отвори во фиоката видов завиткана касета, ја отварам и ја слушам, на неа песна што ме остави без здив напишана од Григор Копров, што ни ја дал и така стоела.

– Ја зедов ја испејавме, за два дена ја средивме, ја пуштивме ниа радио и преку ноќ таа стана многу позната, ајде требаше и спот да се сними.

– Џамбазов ни рече дајте ми ги сликите од станот што сте ги лепеле и немајте гајле. И така тие слики беа спотот за таа песна, објаснува Коки.

– Познати сме по пастрамајлиите, знам и самиот да приготвам, гурман сум, каде одам на нови места сакам да пробувам нови специјалитети, но преферирам да има и мевце.

– Ќерката Лана има 12 години, не е по музиката. Јас можам да и посочам и покажам некој работи но не би инсистирал да се бави со музика.

– По заминувањето на Дуле, беше тешко да застанеш на сцената, но морав да продолжам, имав семејство имав кредити и морав да продолжам, но не со тој стил на музика.

– Кога започна пандемијата се вратив во Штип, имам стари родители морав да се грижам за нив, да се разбереме немаше свирки тогаш но животот е на пола поефтин овде во однос на Скопје.

– Јас немам пари, јас сум еден просечен граѓанин. ,, Калдрма” ми е една од најомилените мои песни. Од македонските песни ги сакам оние на Гоце Арнаудов, Наум Петрески и слично.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.