Кенијката Ема која се пресели и одомаќини во Македонија проговори како и оди со свекрвата

  • By klaster3
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 484 Views

Без разлика на верата, годините или далечината, вистинската љубов може да опстои и да прерасне во нешто големо што ќе трае вечно.

Таков пример е и Ема Вандера Блажеска која е успешна мајка и сопруга, која ја напуштила Кенија и дошла да живее во Скопје.

– Со мојот избраник се запознавме преку социјалните мрежи, си пишувавме некое време, потоа тој се одлучи да дојде во Тајланд.

– Се зближивме доста, јас работев таму како наставник. Тој ме покани да дојдам пак во Македонија и сето останато е историја.

– Не можам да ги двојам двете земји, секоја си е убава на свој начин и има своја култура би било неблагодарно ако двојам, вели Ема за ,,Бекстејџ”.

– Кога слушнам прв пат Македонија, прво на памет ми паѓа нивниот патриотизам, си ја сакаат Македонија. Ми беа потребни две години да го научам јазикот, македонскиот јазик е многу тежок, се уште го учам јазикот не го знам целосно, додава Ема.

Утрово Ема со својата свекрава Блага беа гости на утринската програма на Сител каде што говореа на повеќе теми.

– Ако одам надвор многу луѓе се интересираат бидејќи сум црна а нема многу црн и луѓе како мене тука во Скопје, па гледаат, сакаат да допрат коса, многу прашања поставуваат, изјави Ема.

– Син ми дали на шала не сфаќав мамо јас ќе земам црна жена, желба од претходно имаше, еден ден ми ја покажа на слика. Негов избор негов живот слобода како сака так да си живее. Помагаме колку пто можеме немаме расправии животот тече досега одлично, вели свекврата Блага.

Многу работи сакам во Македонија, Македонија е многу убава има убава природа, планини. Многу сакам кајакарење, Матка е многу релаксирачка, објаснува Ема.

Ема Блажеска во Тајланд работела како наставничка по англиски јазик, па направи споредба со овдешната работа и кажа дали и недостасува работата таму.

– Многу, ми беше многу убаво кога бев учителка во Тајланд, тука е исто, мислам дека разликата е тоа што во Тајланд беше со студенти, а тука предавам на мали деца, додава Ема за Шоу Магазин.

Говореа и за нивниот однос дома, а особено за тоа како се согласуваат со свекрвата, но она што е најважно е дека и двете се задоволни една од друга.

– Ние дома не сакаме кавги се согладуваме лесно, таа емногу лесна едноставна жена за да се живее со неа и лесно стапивме во комуникација, објаснува снаата Ема.

– Немало причина за нервози, за да се нервираме, тие си го живеат својот живот ние сме тука да помогнеме, додава Блага.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.